ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД СВР БИТОЛА ДО ГРАЃАНИТЕ, ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК „2.АВГУСТ -ИЛИНДЕН“

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД СВР БИТОЛА ДО ГРАЃАНИТЕ, ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК „2.АВГУСТ -ИЛИНДЕН“

Во интерес на безбедноста на сите граѓани а по повод претстојниот национален празник 2 Август-Илинден, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

  • За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници. Не е дозволено управување на возила под дејство на алкохол и наркотични средства, без возачка дозвола и технички неисправни возила.
  • Поради големиот број на прослави, собири и манифестации на подрачјето на СВР Битола, каде има масовно собирање на граѓани, се апелира до сите граѓаните да не го нарушуваат јавниот ред и мир. Забрането е неовластено пукање и употреба на оружје и пиротехнички средства, учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.
  • Забрането е користење и управување со безпилотни летала со посебен акцент на дроновите, без претходно добиена согласност од МВР и добиено посебно одобрение од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
  • Воедно ги потсетуваме граѓаните да го заштитат својот имот. Додека се движат во места каде има повеќе народ да внимаваат на својот паричник, мобилен телефон и други вредни предмети и да не оставаат вредни предмети на видно место во автомобилите. Внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде се во моментот, со што им се укажува на останатите дека моментално не сте дома а со тоа станувате лесен плен за кражба.
  • За сите безбедносни настани да се пријавува на телефонскиот број 192 или кај најблискиот полициски службеник

Секторот за внатрешни работи Битола, на сите граѓани, им го честита  празникот 2 Август-Илинден.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …