Филипче: Мерките беа добро димензионирани, имаме пад на новите случаи

Филипче: Мерките беа добро димензионирани, имаме пад на новите случаи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното интервју за телевизија Сител рече дека мерките за борба против ширењето на ковид-19 биле добро димензионирани и дале резултат, односно во земјата има значаен пад на новодијагностицирани случаи и значајно намален број на хоспитализации. Тој рече и дека во земјава се веќе пристигнати два од петте фрижидери за вакцините на „Фајзер“, а дека се очекува вакцините да пристигнат следниот месец.

„Мора да се изрази благодарност до граѓаните коишто ги почитуваат превентивните мерки. Навистина немаше значаен број на собири за новогодишните празници. Сега сме во еден период во којшто мора да видиме и процениме што ќе препорачаме понатаму. Мерките зависат од целокупната епидемиолошка состојба. Болниците се навистина подиспразнети. Повеќе од 50 отсто капацитет на болниците ширум државата е празен. За првпат после долг временски период и на самата инфективна клиника има слободни кревети. Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија – офталмологија, оториноларингологија, започнуваат со редовната работа. Навистина е ситуацијата спласната, но апсолутно сме внимателни и внимателно ги анализираме сите епидемиолошки аспекти“, рече Филипче.

Министерот за здравство рече дека здравствениот систем е целосно спремен за вакцинација и во февруари се очекува да пристигнат првите дози од вакцините од „Фајзер“ и оние од „КОВАКС“ механизмот. Истовремено, Филипче се пофали дека земјава била вброена во „најспремните земји во Европа за прием, чување и дистрибуција на вакцините“.

„По сите три механизми реагиравме и комунициравме навремено и интензивно, најпрво со КОВАКС, пред некој ден имаше и најава од СЗО дека првите дози вакцини може да се очекуваат на оние земји кои се спремни, a ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуираат, а понатаму и да се даваат. Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.

Министерот рече дека се очекува наскоро да биде склучен договорот со „Фајзер“ и во земјава би требало да стасааат 5.850 дози во февруари, а по 17.500 во март и април. За

„Сите земји и од Европската Унија добија значајно помалку од тоа што беше планирано. Тоа е причината зошто оној трет механизам на солидарност на некој начин доцни, затоа што тие не можат да си дозволат да одделат сега во оваа фаза одредена количина. Поради тоа најавија дека тоа ќе се случи во следните месеци после м март. Колку за илустрација, од најавените 230.000 дози на почетокот на годината Австрија добила 23.000. Што значи самата компанија Фајзер којашто во овој момент е единствената која има вакцина која е одобрена од двете најголеми регулаторни тела за контрола на лековите европската ЕМА и американската ФДА, има предизвик да ги зголеми своите капацитети. Сега најавија дека малку ќе намалат со цел да ги надградат капацитетите за да испорачаат многу повеќе во текот на цела 2021 година“, посочи Филипче и најави дека во февруари ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е платено и е обезбедена гаранција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …