Финиш на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“, вечерва на програмата големото финале

Финиш на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“, вечерва на програмата големото финале

Традиционалниот хуманитарен турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“, кој во Универзалната сала во Прилеп се одржува по 9-ти пат, дојде до самиот крај.

На задоволство на љубителите на малиот фудбал, синоќешните полуфинални натпревари во сениорска конкуренција понудија врвен фудбал.

Откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 2:2, победникот на првото полуфинале беше добиен после изведувањето на пенали, при што екипата на „Бучин“, најголемото изненадување на годинешниот турнир, беше подобра од „Теа – Андреа“.

Финиш на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“, вечерва на програмата големото финалеВниманието на публиката беше насочено кон вториот полуфинален натпревар, кој за многумина беше „финале пред финалето“, а во кој се сретнаа екипите на „Фенербахче“ и „Ресторан Путник“. Во возбудлив натпревар на мајсторите на малиот фудбал, подобри и посреќни беа играчите на „Фенербахче“, кои ги победија своите противници со резултат од 2:1 и на тој начин го трасираа патот до големото финале.

Денеска е последниот ден од турнирот, кој ќе ја донесе разврската и ќе ги разреши сите дилеми околу распределбата на пехарите.

Фудбалската програма започнува во 19.00 часот, со натпреварот за третото место во кој се среќаваат екипите на „Ресторан Путник“ и „Теа – Андреа“. После кратката забавна програма, во 20.30 часот започнува големото финале, во кое силите ќе ги одмерат фудбалерите на „Фенербахче“ и „Бучин“.

Она што пред почетокот на финалните натпревари уште еднаш треба да се потенцира, е хуманитарниот карактер на турнирот, што значи дека собраните средства ќе бидат наменети за лекување на нашиот млад сограѓанин, Дејан Најдоски.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …