Фридом хаус: Северна Македонија бележи демократски напредок

Фридом хаус: Северна Македонија бележи демократски напредок

Фридом хаус денеска го објави годишниот извештај за состојбата на демократијата во земјите во транзиција. Во него се наведува дека најголем демократски напредок лани постигнале Северна Македонија од плус 0,07 и Узбекистан од плус 0,11 во нивните оценки. Сепак, Северна Македонија останува во групата на преодни или хибридни режими во кои уште се Босна Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Србија и Украина. Северна Македонија има постигнато напредок во демократското управување и изборниот процес. Земјите кои се преодни или хибридни режими се типично изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права и граѓанските слободи.

Инаку, во извештајот на Фридом хаус се констатира дека избраните лидери во Европа и Евроазија ги поткопуваат самите институции кои ги донесоа на функцијата, ги отфрлаат демократските норми и промовираат алтернативни системи на авторитарно управување.

Годинашното издание на „Земји во транзиција 2021 година: Антидемократски пресврт“, го потенцира степенот до кој земјите како Унгарија и Полска, кои помогнаа да се води поширока транзиција кон демократија во 90-тите години, покажуваат знаци на продлабочување на автократизација. Ова не се аномалии, туку дел од системското свртување кон авторитаризмот во Европа и Евроазија што може да има глобални импликации. Целокупната сила на демократијата во регионот опаѓа веќе 17 последователни години, се вели во извештајот во кој се додава дека бројот на земји класифицирани како демократии се спушти на најниската точка од првиот извештај во 1995 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …