Фрлен „молотов коктел“ врз семејната куќа на командирот на Полициската станица - Прилеп

Фрлен „молотов коктел“ врз семејната куќа на командирот на Полициската станица – Прилеп

Ноќеска во 3.20 минути, врз семејната куќа на командирот на Полициската станица – Одделение за внатрешни работи Прилеп, Кире Спиркоски, на улица „Киро Крстески-Платник“ бр.37, непознати сторители фрлиле „молотов коктел“.

Стакленото шише со запаллива течност било фрлено на вториот кат од куќата. Шишето се одбило од стаклото од надворешната врата и паднало во тревникот во дворот на куќата, после што избувнал оган.

Огнот прв го видел синот на Спиркоски, кој во тој момент се наоѓал во својата соба кон која било фрлено шишето со запалливата течност. Ги разбудил своите родители кои истрчале во дворот и заедно со соседите кои веднаш дошле да помогнат, го изгаснале огнот.

Спиркоски вели дека среќа во несреќа е што не се скршило ниту шишето со „молотовиот коктел“, ниту пак стаклото од ПВЦ дограмата. Доколку тоа се случело, би избил пожар на вториот кат од куќата, што би довело до катастрофални последици.

На местото на настанот излегла екипа на крим техника, која подигнала материјали и ги дала на понатамошно вештачење.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …