(ГАЛЕРИЈА) Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ меѓу прилепчани

(ГАЛЕРИЈА) Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ меѓу прилепчани

Во рамки на караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“, денеска во Прилеп средба со жителите на УЗ „Центар“ и „Тризла 1“ остварија министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, членот на Централниот одбор Наумче Мојсоски, пратеникот Миле Талевски, координаторот на Пелагонискиот регион Благоја Гешоски, како и претседателот и секретарот на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и Мики Крстев.

Во своето обраќање пред прилепчани, министерката Шукова истакна дека меѓу најзначајните проекти со кои државата ги помага општините во делот на заштитата на животната средина спаѓа изградбата на регионални системи за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион, како и издвојувањето на 50 милиони евра кои Општините ќе ги наменат за изградба на водоводни и канализациони системи.

Пратеникот Миле Талевски потенцираше дека и покрај лажните вести и опструкциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кои се обидува да ги блокира проектите на Владата и да внесе немир и паника меѓу граѓаните, Владата ќе го реализира сето она коешто го најави, меѓу кои спаѓа и изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Членот на ЦО на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, рече дека Прилеп е еден од четирите градови во кои со средства од државата ќе биде изграден затворен школски базен и игралиште за баскет, а должност на локалната самоуправа е единствено да обезбеди локации и дозвола за градење.

Претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски нагласи дека граѓаните ја прават разликата помеѓу четирите години владеење на локално ниво на СДСМ и бројните проекти реализирани во тој период, во споредба со неспособноста на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, чие единствено достигнување е пополнувањето на дупки со ладен асфалт.

Прочитајте повеќе

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

По првиот круг јасно е дека Македонија е земја на национализмот, негуван како дива орхидеја. …