Глобал Војсис организира виртуелна дебата за Белорусија „Belarus 2020: Still Uploading?

Глобал Војсис организира виртуелна дебата за Белорусија „Belarus 2020: Still Uploading?

Глобал Војсис (Global Voices) го започнува GV Insights серијалот на виртуелни разговори за горливи теми, почнувајќи од 14 декември во 16 часот по македонско време со првиот настан „Belarus 2020: Still Uploading?”— жива дискусија за револуцијата во Белорусија во 2020 година, заедно со експерти од Белорусија, регионот и членови од заедницата на Глобал Војсис. Настанот ќе биде пренесуван во живо преку Zoom и Facebook Live.

По претседателските избори на 9 август, белоруското општество се расцепи по политичката линија, при што една група го подржува Александар Лукашенко, кој е на власт уште од 1994 година, а другите ја поддржуваат главната опозициска кандидатка Светлана Тихановскаја како де факто избран претседател. Револуцијата, која сè уште трае во Белорусија, се одвиваше во форма на улични протести од досега невидени размери, силна мобилизација од страна на жените и едно ново ниво на онлајн координација од страна на активистите, како и екстремно насилство од страна на државата вклучувајќи киднапирања, убиства, силувања, тортура и затворање на илјадници лица.

Марија Садоувскаја-Комлач, медијски аналитичар и новинар од Беларусија и Раководител на тимот за Евроазија во Free Press Unlimited од Холандија; Руфина Безлова, уметник од Белорусија која живее во Прага и чии дела станаа едни од најпрепознатливите одбележја кај беларуските протести; Грегори Асмолов, научен истражувач на дигиталното претприемништво, маркетингот и кризната комуникација ќе ги споделат своите мислења со јавноста. Настанот ќе биде модериран од Максим Едвардс, уредник на Global Voices Russia и Eurasia, и Филип Нубел, Главен уредник на Global Voices.

Целата најава може да се прочита тука.

Настанот е бесплатен и отворен за јавноста и ќе биде прикажан во живо на Zoom но и на Фејсбук. Гледачите ќе имаат можност да коментираат и да поставуваат прашања за говорниците. Сесијата ќе биде на англиски јазик. Регистрирајте се тука за да добиете потсетување за состанокот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …