Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова била член на Либерална партија (ЛП), во 1998 година станува дел од Демократска алтернатива (ДА), а денес е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.  

  • Во 1992 год. како член на Либерална партија станува дел од Владата на Бранко Црвенковски. Во 1993 год. ја злоупотребува службената положба и заедно со сопругот Благој Давков од Владата купуваат куќа од 134 м2 и плац од 545 м2 во најлуксузниот дел на Скопје, за багателна цена (договор за купопродажба бр. 8460/1384);
  • Во 1994 год. Силјановска повторно ја злоупотребува службената положба како министер без ресор и на својот сопруг Благој Давков му овозможува влез во бизнисот со фришопови, преку кои дневно заработувале илјадници евра;
  • По изградба на ТЦ „Мавровка“ во 90-тите, Силјановска со професорска плата успева да стане сопственик на 10 деловни објекти во склоп на трговскиот центар. Денес дуќаните на Силјановска само од кирии и’ носат месечен приход од над 5.000 евра.
  • Во 2002 год. сопругот на Силјановска Давкова, Благој Давков на сомнителен начин станува сопственик на земјоделската задруга „Доне Попов“. За само 10.000 евра тој станува сопственик на 100 хектари современи лозови плантажи, најмодерна ергела со стотина расни коњи, 1.000 грла говеда, 300 пчелни семејства, земјоделска механизација, управна зграда со современа овчарска мандра, бензинска пумпа и други придружни објекти. Еден месец после преземањето на задругата, 1.000 овци и 500 јагниња од германската расата “винтерберг” се оставени да умираат за храна. Задругата оди во стечај, а парите од распродажбата на огромниот имот завршуваат во џебот на Благој Давков.
  • Во 2011 год. синот на Силјановска Давкова, Павле Давков со потпис на Никола Груевски станува дел од УО на „Злетовица“. Токму во овој период кога Давков е член на УО на „Злетовица“ во претпријатието се случува криминал тежок 70.000.000 евра. Имено, во тој период државата добива јапонски кредит во висина од 70.000.000 евра за изградба на ХС „Злетовица“, но наместо странски изведувач, УО на фирмата по налог на Груевски и тогашниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски, ја вметнува фирмата на Ѕинго „Силекс неметали“. Јапонците подоцна се повлекуваат од проектот, а над 100.000 граѓани од истокот беа оставени без чиста вода за пиење. Како награда за завршената работа, во 2015 год. на Давков му се продолжува мандатот во УО на „Злетовица“, а Спасеновски станува амбасадор во Украина.
  • Во 2016 год. По наредба на Груевски, Гордана Силјановска Давкова заедно со Синиша Алексовски, советник на Ѓорге Иванов, изработуваат нацрт закон со кој се амнестираат сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ опфатени со “бомбите“. Оваа амнестија одекна силно во јавноста, а после протестите на „Шарена Револуција“ истата беше повлечена од страна на Иванов.

Гордана Силјановска Давкова е типичен транзициски политичар!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …