Бензинска станица горива гориво

Горивата поевтинуваат за 2 денара по литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, денеска донесе одлука за поевтинување на горивата, образложувајќи го потегот со поевтинување на цените на светските берзи во однос на 2 мај, кога беше направена последната корекција на цените на нафтените деривати, како и со падот на курсот на доларот во однос на денарот.

Новите максимално утврдени цени стапуваат на сила на почетокот на утрешниот ден.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денара по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,455 денара за килограм и сега ќе изнесува 39,620 ден/кг.

Од полноќ, цените на горивата ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 78 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 80 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 67 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 66 денари/литар
Мазут М-1 НС = 39,62 денари/килограм

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …