Горивата поскапуваат за половина денар

Горивата поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија, на денешната седница ги зголеми цените на горивата. Одлуката ќе стапи на сила на полноќ, што значи од тогаш, бензините и дизелот ќе чинат половина денар по литар повеќе.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,5 денари/литар.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,5 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно и понатаму е 59 ден/лит.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …