Граѓаните да се воздржат од резервации на авиобилети, сеуште е на сила Одлуката за затворање на аеродромите

Граѓаните да се воздржат од резервации на авиобилети, сеуште е на сила Одлуката за затворање на аеродромите

Соопштение на Министерството за транспорт и врски по однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите, за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид:

Сакаме да потенцираме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање  на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид.

Тоа значи дека се’ додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме. Затоа, граѓаните да ги следат сите информации што ги објавуваат Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …