Грковска: Институциите се должни да ги објавуваат јавните набавки на своите веб страници, јавноста мора да има лесно достапни информации како се трошат буџетските средства

Грковска: Институциите се должни да ги објавуваат јавните набавки на своите веб страници, јавноста мора да има лесно достапни информации како се трошат буџетските средства

На предлог на заменик -претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска Владата на Република Северна Македонија ги задолжи сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во процесот на јавните набавки и сите податоци да ги објавуваат на своите веб-страници.

Согласно Информацијата за унапредување на транспарентноста и отчетноста за буџетските корисници преку објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите што беше усвоена на вчерашната 40-та седница, сите буџетски корисници и единки корисници, се должни во рок од 30 дена да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници насловен „јавни набавки“ и редовно да  ги објавуваат следните информации и документи:

– Годишен план за јавни набавки,
– Огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН),
– Известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН),
– Склучени договори и
– Известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).

Истовремено, Владата им укажува и на јавните претпријатија основани од државата и на акционерските друштва во државна сопственост, и им препорачува и на општините, како и на јавните претпријатија во општините и градот Скопје да го следат примерот за поголема транспарентност при спроведувањето на јавните набавки.

На овој начин, образложи вицепремиерката Грковска, јавноста ќе има брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат буџетските средства преку јавните набавки.

Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ја зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи увид како и за што се трошат нивните пари.

Прочитајте повеќе

ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор

ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, апелира на подобрување …