“ГРУЕВИЗАМ“ – НАЧИН НА ЖИВОТ ИЛИ НА СМРТ?

“ГРУЕВИЗАМ“ – НАЧИН НА ЖИВОТ ИЛИ НА СМРТ?

Колумната не се препорачува за деца под 77 години
Неопходен е надзор на родител или старател

“Груевизмот“ е начин на размислување, практикување власт и однесување во опозиција. Деструктивен по секоја основа и во секоја смисла, тој е, всушност, наш македонски, ендемски начин на живот. Или можеби на смрт!?

На доаѓање најавен како технократски, на заминување дефиниран како “дил ориентид“. Генерално опишан како втемелувач на режим, а во суштина автократски, диктаторски, популистички, мафијашки тип на владетел кому лажниот патриотизам му беше основна алатка да ја направи најголемата пљачка на македонската држава во нејзината историја.

За време на своето владеење, Никола Груевски на дело потврди неколку (не)пишани правила, исто како што неколку и демантираше.

Во првиот случај, тој на најдобар можен начин докажа дека големите очекувања носат големи разочарувања. Пречекан како реформаторски ориентиран премиер, Грујо речиси една деценија во неограничени количини ја имаше безрезервната поддршка на меѓународната заедница. Не толку финансиска колку политичка, но таа му беше сосема доволна за да со помош на “глутницата“ околу себе, истата успее да ја материјализира. Река од кредити од сите страни, море од долгови кон десетици финансиски институции. Домашни задолжувања и меѓународни обврзници. Колкава е нивната висина нема да дознаеме сѐ до моментот додека коалициските партнери во новата Влада не воспостават целосна контрола над државните институции, вклучително и во локалните самоуправи.

Во вториот случај, лидерот на ДПМНЕ ги демантираше теориите за брзиот распад на организациската структура на диктаторите после нивното “абдицирање“ од власта. Пајаковата мрежа која како по шаблон ја плетеше мафијашкото здружение, никако да се отплетка. Темелите се длабоки, конструкцијата сѐ уште цврста. Во претпоставена ситуација на сменети улоги на власта и опозицијата, промените ќе одеа неспоредливо побрзо, по принципот „со динамит тоа…“. На истиот начин на кој чедото на мајка Нада му сугерираше на „Миле ми текна“ да го руши „Космос“ на Фијат Цаноски. Како што впрочем и го срушија.

Груевизмот пуштил корења во сите пори на општествениот живот. Тоа што неговото ширење имаше континуитет, зборува за деталното и систематско планирање на секој чекор. Политичари, обвинители, судии, “безбедњаци“, бизнисмени, новинари, белосветски пробисвети… Секое делче од мозаикот било точно и прецизно испланирано, а сите форми на притисоци, уцени, закани и корупција дозволени. Тоа што не можело да се купи со пари, се купувало со многу пари.

Дека е така кажува фактот што дури и два месеца после смената на власта што и формално требаше да значи ослободување на институциите од стегите на ДПМНЕ, нивниот молк е исто толку “гласен“ колку и претходно. Како да се протолкува тоа? Никако поинаку освен дека речиси без исклучок “зврле“ обвинителите и „сваровски“ судиите комплетно се ставиле на страната на Фамилијата и доброволно прифатиле да бидат дел од злосторничкото здружување. Дали тоа го направиле заради пари, дали градењето кариера со брзина на светлината им бил движечкиот „лајт мотив“ или пак постојат трети причини заради кои не можат да се издигнат над сопствените интереси, во моментов воопшто и не е важно. Тие решиле да молчат и да ги кријат злосторствата на Груевци, со што на недвосмислен начин станале нивни сојузници и соучесници во злоделата. И заради тоа мора да бидат казнети. Обвинителите да бидат обвинети, судиите осудени и сите заедно да си лежат.

Секој поинаков расплет на настаните на само неколку денови пред распишувањето на локалните избори ќе ги доведе во прашање и смислата на борбата против режимот на Груевски, но и постоењето и функционирањето на проектираната правна држава. Велам проектираната, оти оваа во која последниве години вака или онака опстојуваме, е вулгарна имитација на онаа каква се стремиме и каква мора да изградиме доколку сакаме да бидеме дел од големото европско семејство. Или ќе биде така, или нема да нѐ биде.

Впрочем, тоа што пишувам за декаденцијата на општеството во кое живееме а не стигнав да ја потенцирам неопходноста од понесување одговорност и изрекување максимални казни за причинителите на сите несреќи на еднодецениското битисување од кое уште долго не ќе можеме да се оправиме, доволно кажува колку далеку забегале работите и кои се отворените и латентните опасности од “груевизмот“. Ставајќи ги сите аргументи на маса, ќе сфатите дека ниту најцрниот ѓавол не е толку црн.

 

Автор:
Чеге Вара                               Прилеп, ебаго!…….(157)

Прочитајте повеќе

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев за неделникот „Фокус“ Извинете, згрешивме!? Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина …