Инфраструктурни зафати во делчевската детска градинка

Инфраструктурни зафати во делчевската детска градинка

Во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево, во тек се активности за целосна реконструкција на канализационата мрежа во делот на кујната до главниот одвод и реконструкција и модернизација на кујната. Со овие инфраструктурни зафати во градинката целосно ќе се реши проблемот со старата и дотраена канализација, ќе се надминат честите проблеми со нејзино затнување, а ќе се превенира потенцијалната опасност од загадување на просторот во кујната каде се подготвува храната.

Градоначланикот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска направи увид во работите при што истакна дека здравата и безбедна средина за децата е приоритет.

  • Како општина даваме поддршка на ваквите инфраструктурни интервенции. И ми претставува задоволство што детската градинка со сопствени средства го решава овој догогодишен проблем со канализацијата. Заеднички и во иднина ќе работиме за подобрување на се’ што е проблем, а значи многу за безбеден и убав престој на дечињата во градинка во Делчево, рече Трајковски.

Директорката на градинката, Билјана Симовска истакна дека согласно со проектот поставени се нови одводни цевки за нов приклучок на канализацијата, заштитни решетки, како и неповратни вентили за заштита од излевање, ќе се отпочне со целосна замена на подните и ѕидни плочки во кујната, а ќе се постави и соодветна столарија.

  • За реализација на оваа инвестиција се обезбедени средства од сопствената сметка во вредност од 300.000 денари. Во овој период од 20 дена до кога се очекува да се заврши работата во кујната во координација со МТСП, а во договор со родителите по одржана групна родителска средба градинката ќе работи но ќе згрижува деца на кои им е најнеопходно да престојуваат во градинка, останатите со согласност на родителите ќе останат дома, истакна Симовска.

Таа додаде дека со ова, Министерството за труд и социјална политика уште еднаш потврдува дека посветено работи на подобрување и унапредување на условите во детската заштита и на враќање на достоинството на персоналот којшто се грижи за децата во градинките.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …