ЈКП „Комуналец“: Пожарот на депонијата „Алинци“ беше подметнат, надлежните институции ќе ги откријат сторителите

ЈКП „Комуналец“: Пожарот на депонијата „Алинци“ беше подметнат, надлежните институции ќе ги откријат сторителите

Реакција на ЈКП „Комуналец“ на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

За настанувањето на  пожарот на депонијата во Алинци, ЈКП „Комуналец“ -Прилеп,  ја извести јавноста уште истиот ден. За причините, гаснењето, санирањето од последиците  и сите превземени активности околу пожарот, на последната седница на Совет на Општина Прилеп беа запознати и советниците.

Како што и предходно информиравме, непознати сторители подметнаа пожар на депонијата Алинци. Пламенот кој се закануваше да ја зафати целата депонија  уште истата вечер е ставен  под целосна контрола .

Во гаснењето на пожарот учествуваа вработени во „Комуналец“, со сета своја расположлива механизација и Територијалната противпожарна единица. Со крајна пожртвуваност на вработените и пожарникарите е спречена катастрофа од поголеми размери. Вакви пожари во одредени ситуации  настанати и со самозапалување ни се случувале и порано.

Заради можноста од повторно запалување од ветровите кои постојано дуваат околу депонијата, дежурна екипа од „Комуналец“, со две цистерни и градежни машини и во моментов се  на терен, и ги санира оштетувањата на депонијата.

Со цел заштита на животната средина, „Комуналец“, посветува особено внимание во правилно третирање на отпадот: собирање, селектирање и депонирање. Депонираниот отпад на депонијата Алинци се покрива со земја.

Во насока на спречување на појава на пожари, подобра заштитата на животната средина, а пред се заштита на здравјето на жителите на Општина Прилеп, апелираме за поголема граѓанска свест и одговорност до сите чинители во општинава.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …