Александар Китаноски на прес за Борче Јовчески

Јовчески и ДПМНЕ направија сообраќаен хаос во Прилеп

Александар Китаноски – член на Советот на Општина Прилеп

Не само што за 30 месеци не успеа да реализира ниту едно изборно ветување, туку градоначалникот Борче Јовчески не е способен да го заврши ни единствениот започнат проект – кружниот тек пред ЦК „Марко Цепенков“

Од пред неколку денови, на кружниот тек чија изградба започна пред 3 месеци, нема никакви градежни активности. Нема работници, нема механизација.

Во моментов се случува она што Социјалдемократскиот сојуз одамна го најави: кружниот тек заради кој ни се подсмева цела Македонија, стана сериозен проблем за граѓаните на Прилеп. Освен секојдневното гушење во прашина, на прилепчани им остана како знаат и умеат да се справуваат со сообраќајниот метеж предизвикан од незавршениот проект.

И сето тоа заради неспособноста на градоначалникот Јовчески и локалната власт на ДПМНЕ, кои наместо да ги решаваат, на граѓаните им создаваат нови и нови проблеми.

Јовчески и ДПМНЕ се единствените виновници што во строгиот центар на Прилеп се случува хаос.

Нивното незнаење да изработат проект кој ќе соодветствува со реалните потреби, да направат стручна предмер пресметка и точно да ги предвидат финансиските средства за целосно завршување на работите, резултираше со катастрофата на која сведочи пошироката јавност.

Никој од надлежните во локалната самоуправа, најмалку градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, не знае да каже кога и како ќе го решат проблемот кој сами го создадоа.

Се’ додека е така, на прилепчани им останува да се смеат на сопствената мака и да се прашуваат кој е тој „стручњак“ кој проектирал кружен тек на кој пешачкиот премин завршува во дворот на приватна куќа. Која, патем речено, е пред паѓање и која претставува реална опасност по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, најмногу на пешаците.

И после една ваква трагикомична ситуација, само по себе се наметнува прашањето: на оние кои не се способни да ги решаваат проблемите на локално ниво, како може да им се верува дека ќе знаат да ја водат државата?

Прочитајте повеќе

Митко Трајчулески, истрагата Пратеник СДСМ,

Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање …