ЈП „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

ЈП „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

ЈП „Дрисла“ Скопје се соочува со казна од 110 илјади до 120 илјади евра, а управителот со казна до 6 илјади евра.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО „Дрисла“ Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ Скопје, по извршениот вонреден надзор.

Изречената казна следува по вонредниот надзор на Инспекторатот на 04.09.2023 година, по дојава на граѓани од селото Батинци, за загадување на Маркова река во претпладневните часови.

При вонредниот надзор, визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но при надзорот не е почувствуван некаков мирис.

Според ДИЖС, истиот ден од страна на акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ Скопје земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река, како и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци.

Наодите од визуелниот надзор и резултатите од акредитираната лабораторија која анализираше земени мостри, утврдија концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности и истите потекнуваат од исцедокот од депонијата.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …