Ќе има бури, ветрови и поплави кои тешко ќе ги контролираме – предупредување од конференцијата за енергетска транзиција

Ќе има бури, ветрови и поплави кои тешко ќе ги контролираме – предупредување од конференцијата за енергетска транзиција

Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек на Меѓународната конференција за енергетска транзиција

Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек со жестока порака предупреди на неконтролираната динамика на глобалното затоплување, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече политичарот на Зелените вчера во Берлин на Меѓународната конференција за енергетска транзиција.

Температурата во светските океани е на рекордно ниво веќе околу една година.

„Ќе има бури, ветрови и урагански поплави кои тешко ќе ги контролираме“, предупреди Хабек.

„Тоа длабоко ме загрижува“, додаде тој.

Хабек рече дека освен справувањето со актуелните кризи, политичарите мора да преземат и стратешки контрамерки против глобалното затоплување.

„Задачата на нашата политичка генерација е да најде решенија и да ги спроведе“.

Тој побара преминот кон обновливите извори на енергија да се придвижи напред низ целиот свет, вклучително и преку трговијата.

Во извештајот објавен на маргините на конференцијата, Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) предупреди дека целта договорена на минатогодишната конференција за климата во Дубаи за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија до 2030 година може да се постигне само со значителни дополнителни напори.

Во просек, дотогаш ќе треба да се инсталираат речиси 1.100 гигавати дополнителен капацитет годишно – повеќе од двојно од 473 GW додадени во рекордната 2023 година.

Според извештајот, обновливите извори на енергија пораснале првенствено во Кина, ЕУ и САД, кои заедно сочинуваат 83% од глобалниот раст. Особено заостануваат земјите во развој.

На Светската климатска конференција во 2015 година во Париз, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување, а со тоа и неговите потенцијално катастрофални последици за човештвото – на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриското време.

Многу експерти веруваат дека ова сега е едвај возможно, но секоја пониска граница на порастот на температурата е сè уште исплатлива.

„Сите знаеме дека не сме на пат од 1,5 степени, затоа треба да направиме повеќе и да го направиме тоа побрзо“, предупреди Хабек.

Според прелиминарните податоци објавени од германската агенција за животна средина во петокот, емисиите на стакленички гасови во Германија се намалиле за повеќе од 10% минатата година, иако тоа се должи и на лошата економска ситуација.

Бирол како причини ги наведе пренасочувањето на енергетскиот сектор од фосилните горива и падот на индустриското производство. Сепак, ова беше наследен проблем, резултат на децениска зависност од клучниот снабдувач кој долго време испорачуваше евтино, рече Бирол во очигледната референца за долгогодишниот главен снабдувач на гас во Германија, Русија.

„Тоа беше историска стратешка грешка“, рече тој.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …