Ќе крши ли „коски“ ДПМНЕ за уставните измени?

Ќе крши ли „коски“ ДПМНЕ за уставните измени?

Пишува: Сотир Габелоски

„Уставни измени во овој состав нема да има“, е ставод кој Мицкоски го повторува три пати дневно. Што значи дека, сепак, ВМРО ДПМНЕ планира да поддржи и спроведе уставни измени, а сега само го лажe своето членство и потенцијално гласачко тело дека по ова прашање нема да има поместување ни милиметар.

Реториката на ДПМНЕ во изминатите денови е впечатлива. Партијата индиректно прифаќа уставни измени, но тие би се случиле после евентуалните предвремени парламентарни избори. Сегашното „непоколебливо“ бранење на Уставот и на „достоинството“ на државата, се сведува на скорешно „легнување на брашното“.

После ова, ќе се испостави дека е точно тврдењето на премиерот Ковачевски дека лидерот на опозицијата оди по амбасадите и бара поддршка за власт, со ветување дека ќе ги спроведе уставните измени.

Однесувањето на најголемата опозициска партија полека станува загрижувачко. Нивната неконзистентност е закана за државата, затоа што кога тие би дошле на власт граѓаните треба да очекуваат дијаметрална промена на ставовите изнесени во опозициските денови. На што да се потпрат граѓаните ако сакаат да гласаат за ВМРО ДПМНЕ? Едноставно да го прифатат ставот на партијата дека не е константен? Да прифатат дека, ако гласаат за ДПМНЕ со цел да застане против уставните измени, партијата после изборите дијаметрално ќе го смени својот став? Следствено на тоа, граѓаните не можат да се потпрат на ништо што излегува од устата на челниците на оваа партија.

Со секој јавен настап, функционерите на ДПМНЕ делуваат се’ понеодлучно и понеподготвено да преземат обврска за раководење со државата, се’ позатворено кога станува збор за дебата околу најважните прашања за државата. Иако партијата е позната по немањето принципиелен став, сепак е загрижувачко нивното отсуство на волја и несфаќањето на важноста на уставните измени, како единствена пречка на патот кон ЕУ. Со тоа, приматот најголема опозициска партија, а некогашна власт, го губи на своето значење.

Од друга страна, на однесувањето на партијата можеме да гледаме и од поинаков аспект, други очекувања и околности. ДПМНЕ едноставно не е подготвена, ниту пак некогаш била, да го понесе товарот на стратешките реформи. Поради немањето политичка храброст, партијата не може децидно да каже дека нејзината ориентација е насочена кон Запад. Од тој аспект, неизбежен е заклучокот дека ВМРО-ДПМНЕ е далеку од искрена и одговорна партија.

Во таа насока е и последното интервју на Мицкоски за „Канал 5“, каде индиректно најавува дека партијата ќе „крши коски“ за уставните измени. Дали е ова уште една промена на ставот дека нема поместување ни „милиметар“ од штитењето на „државните интереси“?

Прочитајте повеќе

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев за неделникот „Фокус“ Извинете, згрешивме!? Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина …