Гласачки ливчиња списоци

Ќе се повторат ли изборите од 2006 година?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања го користат истиот обрзаец од кампањата во 2006 година. Прашање е дали СДСМ ќе ги повтори грешките од тоа време

Пишува Ѓорѓи Спасов

СДСМ и владината коалиција ја добија преговарачката рамка за започнување разговори за членство во ЕУ со услов да бидат внесени Бугарите во Уставот, и заедно со тоа  ги добија пофалбите од земјите членки на Унијата дека се тие проевропска коалиција во земјава.

Ќе се повторат ли изборите од 2006 година?Слично нешто се случи и во 2005-та година, кога тогашниот СДСМ предводен од Владо Бучковски и тогашната владина коалиција, во која за прв пат беше ДУИ на Али Ахмети, можеа да се пофалат дека земјата под нивно раководство доби статус на кандидат за членство во ЕУ, а со тоа и комплимент дека се проевропски сили во земјава. Земја претседавач со ЕУ тогаш беше Велика Британија, а нејзиниот премиер Тони Блер не се воздржуваше да каже дека доделениот статус на Македонија на земја кандидат за членство во ЕУ треба да биде и награда за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, да ја охрабри во натамошните напори за изнаоѓање решение околу разликите за името со Грција и да ја стабилизира пред очекуваното прогласување на независноста на Косово во 2008 година.

 

СДСМ и владината коалиција ја добија преговарачката рамка за започнување разговори за членство во ЕУ со услов да бидат внесени Бугарите во Уставот, и заедно со тоа  ги добија пофалбите од земјите членки на Унијата дека се тие проевропска коалиција во земјава.

Владата на Бучковски тогаш очекуваше дека добивањето на тој статус ќе ја зголеми подршката на избирачите на наредните избори и затоа прифати да бидат организирани предвремени парламентрани избори во јуни, наместо редовните во септември таа година.

Но, сметката на СДСМ не излезе како што се очекуваше.

На тие избори колицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ освои 304 илјади гласови и формираше влада, а коалицијата на СДСМ, „За Македонија заедно“ освои само 218 илјади гласови и отиде во опозиција.

Која беше причината за тоа?

Извор: Независен весник

Целиот текст ТУКА 

Прочитајте повеќе

Писмото

Писмото

Премиерот се изложи самиот пред јавноста како човек со дилеми: не знае дали да им …