Коцевска: Во изминатите 3 години, суштински се промени односот на власта кон младиот човек

Коцевска: Во изминатите 3 години, суштински се промени односот на власта кон младиот човек

Изјава за медиуми на Драгана Коцевска, кандидат за пратеник на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2

 

Почитувани,

Младите отсегогаш биле врвен приоритет на СДСМ а така е и денес, за што сведочи и традиционалната поддршка на младите на нашите прогресивни и европски идеи.

Така во изминатите три години суштински го променивме односот на власта кон младиот човек.

Партиската книшка која што беше основен предуслов за вработување, а многу почесто и картата во еден правец за излез од нашата држава, ги заменивме со целосна транспaрентност при постапките за вработување. И она што е многу позначајно и што претставува услов за економски развиена држава, е тоа што приватниот сектор го направивме и продолжуваме да го правиме далеку поатрактивен за вработување со повисоки плати и подобри услови за работа од државниот. За таа цел:

  • Грижата за младите ја покажуваме со паричната поддршка од 6.000 денари, платежната домашна картичка од 3.000 денари, како и ваучерите од 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за информатички технологии и дигитални вештини. Стекнувањето знаења и вештини од информатичката технологија, ќе им овозможат на младите брзо вработување во новата развојна економија.
  • Со мерката ,,Самовработување” обезбедивме грантови од 5.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис, мерка која што ја искористија 1.191 лице.
  • Преку јавниот повик ,,Стартапувај” на Фондот за иновации и технолошки развој, се поддржуваат младите луѓе и нивните иновативни бизнис идеи. Во 2019 година се обезбедија средства во висина од еден милион и осумстотини илјади евра со кои беа наградени 48 проекти и доделени грантови за основање на старт-ап бизниси.
  • Преку проектот ,,Млад земјоделец” обезбедуваме до 10.000 неповратни средства за младите луѓе за набавка на земјоделска механизација.

Во новиот мандат 2020-2024 година за кој бараме поддршка продолжуваме уште повеќе и уште подобро, односно во новиот мандат:

  • До крајот на мандатот невработеноста на младите луѓе до 29 години ќе ја намалиме на под 17%
  • Ќе воведеме практична настава во средните стручни училишта која учениците задолжително ќе ја спроведуваат во реалниот сектор.
  • Ќе им овозможиме на редовните студенти да стапат во редовен работен однос, определен број на часови – опција која им е достапна на студентите во најголем број на европски земји.

Со мерките кои веќе се спроведуваат а кои ќе продолжат и во иднина, како и со новите мерки, а особено со искреното сојузништво со младите, убедени сме дека можеме европските плати и европските услови за работа да ги донесеме дома – во нашата земја со што не само што ќе го запреме иселувањето на младите, туку и ќе овозможиме враќање назад во својата татковина на веќе иселените наши граѓани.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

Соопштение за јавност на СДСМ Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште …