Конгресот го потврди назначувањето на новиот амбасадор на САД во Скопје

Конгресот го потврди назначувањето на новиот амбасадор на САД во Скопје

Конгресот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Северна Македонија. Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од функцијата си замина во февруари годинава.

Брнс претходно пред Комитетот за надворешна политика на Конгресот порача дека преку Преспанскиот договор, политичките лидери на Северна Македонија и Грција ги надминале тешките историски прашања, фокусирајќи се на иднината и напредокот, а земјата е на својот пат кон ЕУ и НАТО.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

вакцина Вакцини грип корона

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на последната недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи …