Регулаторна најавува дека в понеделник поголемата маржа ќе ги намали цените на горивата

Регулаторна најавува дека в понеделник поголемата маржа ќе ги намали цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во новата методологија за пресметка на цените на нафтените деривати ја зголеми малопродажната маржа од сегашната 3,2 на 4,6 денари по литар и на тој начин направи своевиден компромис со трговците кои бараа таа да изнесува до 6,5 денари за литар. Нејасно е зошто регулаторите најавуваат дека со новата методологија цените на горивата ќе се намалат од еден до два денари за литар кога истовремено има зголемување на малопродажната маржа.

Марко Бислимовски, претседател на РКЕ информира дека во методологијата трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.

Сите анализи кои ги правевме во изминатиов период укажуваат дека со новата методологија цените на нафтените деривати, споредено со претходната методологија, се намалуваат во зависност од периодот од 1 до 2 денари, вели Бислимовски.

Освен маржата за трговците, главни критериуми од кои ќе зависи малопродажната цена, како и досега, остануваат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта од типот Брент на светските берзи.

Во понеделник прв пат ќе се користи новата методологија и ќе се види дали ќе се исполнат најавите на регулаторите за намалување на цените на горивата или пак спротивно на очекувањата ќе има “посолени“ цени на нафтените деривати.

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …