Ковачевски и Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Обединување околу европскиот фронт

Ковачевски и Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Обединување околу европскиот фронт

„Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди“, објави Ковачевски

По повод одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби испратија пораки до македонските граѓани.

Премиерот Ковачевски на неговиот профил на Фејсбук напиша дека Охридскиот рамковен договор донесе мир и овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост на различностите.

„Северна Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, која што практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди“, објави Ковачевски.

Али Ахмети во денешната порака по повод потпишувањето на Охридскиот рамковен договор повика на единство и обединување околу европскиот фронт.

„Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок“, гласи порака на лидерот на ДУИ.

Ахмети порача дека по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор албанскиот јазик е службен јазик како и државното знаме заедно со три универзитети на албански јазик, додека Албанците денес можат да се најдат во сите ресори и со одговорно водење на институциите во земјата тие го покажуваат својот лидерски капацитет.

И вицепремиерот Артан Груби пораката по повод потпишувањето на Охридскиот мировен договор истакна дека пред 22 години тој отвори ново поглавје за развојот на земјата, поставувајќи ги темелите на мирот и внатрешната кохезија, еднаквост и консензуална демократија.

„Влијанието што овој мировен договор го имаше врз развојот на земјата во текот на двете децении што ги оставивме зад нас е неспорен и јасно видлив во однос на внатрешната демократска консолидација, интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата“, истакна Артан Груби.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …