Ковачевски на Совет на Европа: Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

Ковачевски на Совет на Европа: Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, синоќа во рамки на учеството на Самитот на Советот на Европа, во Исланд, даде изјава за медиумите.

Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„Чест ми е што денес присуствувам на Самитот на лидери на Советот на Европа. Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундаменталните вредности на кои почива Советот на Европа, а тоа се демократијата, владеењето на правото, посебно на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето се доведени во прашање после воената инвазија на Русија над Украина.

Северна Македонија како земја која што секогаш ги негувала и која секогаш ги застапувала овие фундаментални права е дел од овој Самит и јас ќе учествувам во дебатата утре како и на тркалезната маса на која што е тема токму владеењето на демократијата, унапредувањето на демократијата меѓутоа и начинот на кој да и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демократски принципи.“

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …