Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

„Јасна е и силна пораката денеска. Тука од Битола, јасно и гласно кажуваме дека одиме напред, дека нема откажување од иднината. Нема откажување од надежта, од визијата, од желбата за подобро утре, од европска Македонија“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

„Направивме и грешки, но една работа ја направивме апсолутно правилно, патриотски и државнички: ја поставивме визијата за европска иднина на нашата земја и одиме до крај со неа. Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија“, посочи Ковачевски

„Нам не нѝ треба европскиот сон. Не! Нам нѝ е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш. Нам ни требаат правилата и надзорот на ЕУ можеме да ги подобриме здравството, образованието и правосудниот систем“, рече Ковачевски

„Затоа ќе ви кажам дека ние, учиме од грешките, и имаме план како да изградиме функционален систем по правилата на Европската Унија. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. И со таа визија одиме до крај! Нема откажување од европската иднина на Македонија! Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста“, беше дециден Ковачевски

„Затоа, тука од Битола, ве повикувам на претстојните избори да ги поддржите СДСМ и Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани“, рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб во Битола.

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, од надежта, од подобро утре, од европска Македонија

Прочитајте повеќе

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Соопштение за јавност на СДСМ СДСМ е обединета и силна партија, која издржала и време …