Ковачевски од Битола: Силно и одлучно кон иднината

Интегрален текст од обраќањето на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Битола

Добровечер космополитиска, македонска, европска Битола.

Е оваа е СДСМ, оваа преполна сала, ова е СДСМ. Силна, државотворна прогресивна, модерна и отворена партија, која одлучно и решително движи напред, кон иднината. Кога го подготувавме караван на трибини генсек Зечевиќ ме праша, од каде ќе тргнеме, му кажав од Битола. Ми вели зошто од Битола? Му кажав, затоа што знам дека во Битола салата ќе биде преполна, а во прв ред ќе ги видам моите другари од СДММ и тука се и Диме и Менде и Чурчиевски го гледам позади, сите се тука, е тоа е големината на СДСМ. И многумина се прашуваа како го составив раководството на СДСМ кога станав претседател, имав многу размислувања, имаше многу претпоставки нормално меѓутоа едно беше константо, мора да има член на раководство од Битола, Битола е еден од најголемите градови во државата, Битола е универзитетски центар, Битола е конзулски град и затоа избрав потпреседател на партијата да ни биде Бисела Костадиновска Стојчевска.

Најпрвин, сакам да ви се заблагодарам за ова големо присуство вечерва, јас реков дека нема да седам по кабинети туку ќе бидам со граѓаните, и тука сум заедно со вас, со граѓаните, ги слушам и ги следам сите ваши мислења и ставови и пофалби, но и критики, бев во Гостивар, бев во Тетово, викендов бев во Ѓорче Петров, ги слушам граѓаните што зборуваат, затоа што нема подобра анкета од тоа што можете да го чуете помеѓу граѓаните, во парк со пензинерите, со граѓаните, со сожителите, на пазарот, во кафулињата каде што во сабота наутро седнуваат и разговараат за се она што ги тишти во животот. Видов една многу знајања работа, а тоа е желба за светла и подобра иднина, и тоа е тоа што и мене и вас не води напред.

Сакам да зборувам со вас за мерките и за политиките на СДСМ, за мојата и за нашата визија за иднината, за иднината на нашата македонска држава. Тука сум да дадам отчет што е тоа што е сработено, но и да ги слушам вашите предлози, забелешки и мислења. Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и со заштитен македонски идентитет. Тоа е визијата за напредна и богата Македонија. На тоа сум посветен, на тоа работам. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни, силни и побогати од тоа што сме денес. Се грижиме за граѓаните, за стандардот, но и гледаме напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, затоа во Битола, тука пред вас, јасно и гласно велам, заедно со вас, силно и одлучно кон иднината. Затоа што тоа го должиме на сегашните и идните генерации Македонци и сите други граѓани на државата.

Нема посоодветно место за почеток на овие наши граѓански трибини од Битола, од градот на конзулите, на културата, од градот кој е стожер на нашиот енергетски систем, цела држава, секој ден очите ги има вперено во Битола, во сите оние кои што работат во енергетските капацитети на РЕК Битола, затоа што од битолчани, од тој РЕК Битола зависи дали и Скопје, Охрид, Струмица, Куманово и Ресен и сите други ќе имаат струја денес, утре и во текот на сите наредни денови. И затоа секаде каде што одам им искажувам и пиетет и благодарност на сите вработени во РЕК Битола кои што деноноќно работат и со една стара технологија обезбедуваат непречено производство на електрична енергија.

Почитувани, социјалдемократки и социјалдемократи, почитувани другарки и другари, од преземањето на правата позиција на партијата до денес, многу работи се променија, полтички во земјата, внатре во партијата, но и во државата. Од политички земјотреси и неизвесност успеавме и дојдовме до целосна политичка стабилност и извесност. Направивме историски исчекор во европските интеграции, започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет и денеска имаме политичка извесност и стабилност до редовните избори во 2024 година. А сетете се само што беше на 1 година претходно, на овој ден пред една година што се случуваше, тоа е резултат на мудра и посветена работа за својата држава, држава која што граѓаните и сите политички актерии знаат да ја препознаат. Честитките не одат за мене туку одат за сите вас, и за раководството и за пратениците во собранието и за сите членови на оваа прогресивна партија и оваа прогресивна коалиција.

СДСМ денес е консолидирана партија која повторно е на победничките патеки, партија која успешно менаџира со политичките процеси во земјава, но и со кризата во еден мошне тежок период за целиот свет, не само за нас, најтежок период после втората светска војна. Само пред 10тина месеци не беше така, имавме загубени локални избори, внатрешни поделби во партијата, враќање на ВМРО – ДПМНЕ на локална власт во речиси 50 општини и политичка неизвесност во државата. Сведоци бевме на неколку обиди за политичка дестабилизација, создавање на ново парламентарно мнозинство на ВМРО, рушење на владата и враќање на земјата назад во едно минато време, време на неизвесност и стагнација. Тоа успеавме да го спречиме, денеска не само што нема ново парламентарно мнозинство туку имаме зголемено парламентарно мнозинство, предводено од СДСМ.

Во меѓувреме се случи и воената агресија врз Украина и од еконосмка криза предизвикана од ковид пандемиајта светот влезе во подлабока економска и енергетска криза, тоа не само што не не поколеба туку дополнително и мене меѓутоа и моите колеги во владата не мотивираше да работиме уште поефикасно и уште подобро. Презедовме мерки и политики за помош на граѓаните и компаниите, веќе сме во фаза на реализација на вториот пакет антикризни мерки, за што ќе зборуваме подоцна, но соодветно и навремено одговоривме на предизвиците со глобалната криза и тоа го зборувавме ние, тоа го подврдија и експертите на светската банка вчера, кажаа дека С. Македонија го има најголемиот пакет антикризни мерки помош за најран ливите категории на граѓани и компании, е тоа е нешто со што можеме да се гордееме како СДСМ, затоа што ние сме социјалдемократска партија која не треба да мисли на себе туку пред се треба да мисли за граѓаните и тоа оние кои што се најранливи, членовите на синдикатите, земјоделците, текстилците, пензионерите, стечајните работници, самохраните родители, тоа се луѓето кои што се опфатени во сите овие мерки кои што ги предложиме и кои што се наоѓаат пред пратениците во собранието.

Ја покачивме минималната плата на 18 илјади денари, јас бев критикуван во тоа време, но кога ги видов економските движења предизвикани од војната во Украина знаев дека ќе има инфлација и знаев дека со тие средства колку што беше минималната плата на работниците кои што работат во индустријата ќе им биде тешко, и затоа го предложив зголемувањето на 18 илјади денари минимална плата. И тогаш бев кртикуван, и тоа успешно го изменаџиравме, бевме сведоци на серија на штрајкови во кои што дел, и тоа голем дел беа од страна на синдикатите организирани, но дел беа мотивирани политички и злоупотребени и тоа го изменаџиравме, се справивме со уште еден педизвик и тоа така заврши, за да на крај ВМРО – ДПМНЕ се судри со нив, затоа што плановите не им успеаа.

Кога беа финалните разговори околу т.н француски, односно европски предлог, за почетокот на преговорите со ЕУ, беше можеби најсериозниот политички обид за интерна и надворешна дестабилизација на земјата, не беше лесно да се носат одлуките, особено тешки државнички одлуки, но лидерите треба да водат напред, одлучно кон иднината и да носат тешки одлуки. Затоа што важно е нацијата и земјата да чекораат напред по вистинскиот пат за да имаме сигурна иднина. Јас ги водев разговорите за кревање на бугарското вето. Тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани ниту за мене. Неколку пати кажав јавно и пред тв гледачите, во тие моменти на преговори целиот тој наратив, сите тие напади кои што се случуваа кај мене, но и кај сите други граѓани Македонци во оваа држава предизвикуваа едно тешко чувство. Јас имав чувство како некој со нош да ми го сече стомакот, но на крајот на денот мора да донесете одлука, одлука со која со крената глава, со заштитен македонски јазик и идентитет ќе седиме на големата маса во Брисел со сите 27 членки на ЕУ и ќе преговараме за нашта иднина. Од друга страна никој не понуди алтернатива, затоа што алтернативата ја гледавме 11 години, сами, изолирани, со лажна гордост, седнати тука внатре во државата раскарани со сите соседи, тоа беше алтернативата и затоа ја донесов таа одлука, таа одлука не беше лесна, и јас знам дека патот до полноравно членство во ЕУ нема да биде лесен, но на крајот на тој пат, на крајот на секој пат жители и граѓани на ЕУ да бидат горди македонци кои ќе имаат поголем животен стандард од тоа што го имаат денес како жители на европска Македонија и да треба повторно да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука, затоа што тоа е одлука за идните генерации на оваа држава.

Опозицијата во нашата држава не мисли така, тие немаат државнички капацитет затоа што се заглавени во нивната матрица и се грижат само за себе и за своите кариери. Прво пласираа огромен број на невистини за наводна асимилација, бугаризација загрозување на идентитето, хистерично и интензивно, потоа беа организирани и насилни протести, создавање на тензиии, а имаше и обид за провокација на етничка основа како дел од сценариото за рушење на Владата. Со мудрост, со лидерство, одлучност, сите тие антидржавни обиди беа неутрализирани, започнавме преговори со ЕУ со заштитен мк идентитет после 17 години чекање, тоа е нашиот влог во иднината нашата земја, ние СДСМ, јас како претседател на СДСМ а да се биде претседател на СДСМ за некој кој што од својата полнолетност е член на партијата е чест која што може да ја има. Ние сме дел од континуитетот на оваа држава, ние сме дел од континуитето на Киро Глигоров кој што ни обезбеди мирна транзиција кон независна држава. Ние сме дел од континуитетот на Б.Црвенковски кој што го трансформираше општеството. Ние сме дел од континуитетот на Р.Шеќеринска, од континуитетот на В.Бучковски, ние сме дел од континуиитетот на З.Заев со кој што добивме членство во НАТО. А од другата страна имаме партија на дисконтинуитет, 11 години беа на власт. Еден милиметар државата не мрдна во евроинтеграциските процеси, еден милиметар не мрднавме во интеграцијата во НАТО и како што кажав 11 години на народот му продаваа лажна гордост, му инсталираа споменици во центарот на Скопје, споменици по 100 метра високи на кои што имиња не им ставаа и сам седеше народот изолиран во својата сопствена држава, раскаран со сите соседи, раскаран со ЕУ и раскаран внатре, тоа денес веќе го нема, ова е држава која што преговара со ЕУ и кои што преговори ќе завршат со наше полноправно членство во Унијата.“ Силно и одлучно затоа што силно и одлучно е наша одлика и на сите треба да им биде јасно дека нема да не поколебаат ниту нечесни политичари, ниту нивните нечесни методи, после се откако излегоа сите лаги на површина ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица ниту се извинија ниту пак честитаа за успехот на државата, но граѓаните гледаат и судат и затоа водеа на анкети летово, точно е дека водеа, ама кога отидоа на избори им се случи првиот изборен пораз на првото изборно соочување откако јас сум на СДСМ, граѓаните покажаа дека не сакаат деструктивност, враќање назад, кочење на држава.

Исклучително е важна е победата на вонредните локални избори за СДСМ, во двете општини каде што имаше избор на градоначалник Маврово-Ростуше и Центар Жупа победија кандидатите на СДСМ и коалицијата, а во третата општина каде што се избира претставници на општинскиот совет СДСМ го задржа истиот со однос на советници и тоа беше победа на СДСМ, затоа цела недела ги немаше никаде да искочат ни на телевизија ни на улица, зашто не знаеа што одговорат, водат на анкети а губат на избори. И тука сакам да ви кажам нешто многу искрено, ме прашуваат луѓе, ме прашуваат новинари, дали сум задоволен од внатрепартиското единство и другарство во СДСМ, не сум целосно задоволен, зошто, затоа зашто има голем број на наши членови особено на повисоки позиции на кои што им е поважно да се расправаат кој на која позиција е и кој на која позиција не треба да биде, наместо да искочат на улица, да ги спротивставуваат ставовите со политичките опоненти и на граѓаните јасно и гласно да им порачаат дека се членови на СДСМ, партија која што учествуваше во признавањето на МПЦ и прифаќање во каналско единство со сите други цркви, дека се од партија која што ја направи државата членка на НАТО, дека се од партија која што историски ја зголеми минималната плата, ги зголеми пензиите, е тоа треба да прави вистински член на СДСМ, а не да се седи на страна изолирани и кој која позиција бил, кој која позиција не бил. Така на избори не се победува, се победува како во Маврово-Ростуше кога сите заедно, сите членови на СДСМ и пратеници и градоначалници и бивши градоначалници, и бивши пратеници, и бивши претседатели на општински организации и застанаа и извојуваа историски најголема победа во општината.

Кога се кандидирав за претседател на партијата, едно од моите пораки беше заедништво и сплотеност, гледате сега дека е тоа клучот на успехот, заеднички, сплотено и посветено, СДСМ повторно е на победничките патеки и е целосно консолидирана, почнавме преговори со ЕУ и повторувам со заштитен македонски идентитет и со затворени сите крупни политички прашања во државата, изборите ќе бидат редовни во 2024 година, и како што кажав во мварово-Ростуше на почетокот на кампањата, јас на крајот од кампањата ќе дојдам во Маврово-Ростуше и со кренати раце ќе славам победата на СДСМ, сега на вас ви кажувам дека 2024 година ќе дојдам во Битола и со кренати раце ќе славам победата на СДСМ тука од Битола. Затоа што на тие избори ќе се судрат два концепти, едниот предводен од мене кој што е поевропски концепт, кој значи членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет, горди граѓани, со сигурна и побогата иднина. Вториот концепт предводен од ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Левица кој значи враќање назад во неизвесност и во изолација, јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме, во 2024 година про европската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за европска Македонија која што ќе ги избере и одма ќе го предложи и идниот претседател на РСМ и ќе формира парламентарно мнозинство повторно во Парламентот на државата. почитуван и граѓани, почитувани другари и другарки, 9 месеци јас ја имам одговорноста да ја предводам Владата во една постојана секојдневна борба да се надминат сите предизвици на глобално ниво со кои сите ние се соочуваме, уште од првите 100 дена од мандатот се случи воената агресија врз Украина, светот влезе во едно неизвесност во глобална економска и енергетска криза најголема после ВСВ. Јас доаѓам од приватниот сектор, сум работел на менаџерски позиции и точно знам што значи да се менаџира буџет во време на криза, како со ефикасно користење на средствата може да се направи дополнителна вредност, има кои не ме сакаат во Владата, и тоа посебно во некои пониски ешалони, затоа зашто не сум толку попослив и затоа што кога ќе ја донесам одлуката не отстапувам од неа, и затоа 300 милиони евра дел буџетски средства кои што беа проектирани, без скратени, нема веќе лешници бадеми, нема веќе морско јадење во Влада, во Влада има само работа и грижа за граѓаните.

Во првите денови во мојот мандат минималната плата ја зголемивме на 18 илјади денари, тоа е нашиот социјалдемократски концепт кој го цени работникот и цени дека се грижиме за него, двојно повеќе ја зголемивме минималната плата од во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога таа изнесуваше 9 илјади денари, и сега гледам еден од креаторите на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ кој што секогаш се противел на зголемување на минималната плата, кој што секогаш велеше дека минималната плата треба да има 9 илјади денари, е тој кој што вели минималната плата треба да биде 9 илјади денари го живеел македонскиот сон со кола од 100 илјади евра, не може така, први ќе бидат работниците, пензионерите па после тоа ќе бидат сите други во редот, затоа што сега е време кога треба да се грижиме за најранливите категории, за оние на кој што име потребна најголема помош, а не да финансираме удобства преку буџетот, и јас додека сум во Владата тоа ќе биде принципот и тоа ќе бидат вредностите за кои што ова Владата ќе се залага. Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ пензиите беа замрзнати и се зголемуваа симболично само во време пред избори, ние за само 6 месеци пензиите ги зголемивме за скоро 10%, односно само од март до септември оваа година просечната пензија е зголемена за над 1500 денари, во време на криза наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите, и затоа со следното покачување во март пензиите вкупно за една календарска година ќе бидат зголемени за 16% а оние кои што се од најранливите категории со најниски пензии секогаш од државата ќе имаат дополнителна месечна финансиска поддршка, затоа зашто пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме децата на пензионерите на ова држава. Реализиравме прв пакет на економска помош вредна 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и на компаниите, со тоа навремено реагиравме и ги ублаживме шоковите од кризата, продлабочувањето на светската криза донесе потреба од нов сет на мерки а во консултации со сите засегнати страни донесовме нов пакет мерки вреден 360 милиони евра. Над 200 илјади граѓани финансиски ќе ги помагаме во следните 4 најтешки месеци, пензионерите со пензии до 14 илјади денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, сите тие ќе добиваат помош од 1500 до 3000 илјади денари во следните 4 месеци како помош да се справат со кризата.

Затоа за оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добијат дел од субвенциите за да имаат пари кога најмногу им се потребни. Ги активиравме сите расположеви капацитети да се зголеми домашното производство на електрична енергија, и да се намали зависноста од увоз. Започна со работа досега најголемата фотоволтаична електрана која ќе произведува струја за над 5500 семејства, или електрана со моќност од 17 мегавати, која што од македонско сонце ќе произведува електрична енергија во поголем капацитет од она што го трошат сите основни и средни училишта во државата. Заедно со гфотоволтаичната централа која што ја пуштивме на старите наоѓалишта на рудникот Осломеј, тоа се 27 мегавати капацитет, тоа е за 9 месеци повеќе инсталиран капацитет од вкупниот инсталиран капацитет за 11 години на претходната влада. И тоа што тие гои направија, нивните 16 мегавати државата односно граѓаните преку своите сметки годишно плаќаат 5 милиони евра на тие кои што ги имаат направено централите, овие 27 имаат платено на државата 2,5 милиони евра за да направат централи во земјата која што го има најсилното сонце во светот. Е тоа е разликата на концептот кој што ние го промовираме и концептот кој што го гледавме 11 години во оваа држава.

Многу скоро ќе започне со работа и третиот блок во РЕК Битола, а во функција се работи за ставање во работа и на рудникот Живоњо со кој што ќе се обезбеди продолжен век на работење на РЕК Битола. И нека не ве залажуваат од опозицијата, се што кажаа до сега се излажаа. Ниту некој планира да го затвора РЕК Битола, ниту некој планира да го затвора РЕК Осломеј. Во РЕК Битола работат 3000 граѓани на Битола, најголемиот дел директно во РЕК Битола, помал дел во компании кои што се договорни страни на компанијата. Никој не планира нив да ги остави без работа, меѓутоа државата планира, тој рудаско – енергетски комбинат да го усовремени, да воведи во него нови енергенси, да ги подобри условите за работа, за да можат и работниците да ги задржат своите работни места меѓутоа и да имаме почисто призводство на електрична енергија и да имаме работа за стручен енергетски кадар кој што ќе дојде тука од Битола во идните генерации.

И јас и целата Владата правиме напори за навремено и доволно снабдување со енергенси. Целиот регион го посетив, разговарав со сите премиери и претседатели на држава и со државнички полтики можам да кажам дека до сега С. Македонија не се соочува со никаков недостаток на енергенси и дополнително за оние општини кои што се снабдуваат со компресиран гас сите бевте сведоци во текот на викендот обезбедивме кревање на рампата на Србија и сега имаме непречно снабдување на оние институции кои што користат таков енергенс за загревање на своите простории. Тоа е работа кога се работи за своите граѓани.

Преку политиките на добрососедство во рамки на иницијативата ОБ обезбедивме непречена трговија помеѓу Србија, С. Македонија и Албанија и сите видовте колку беше тоа значајно во текот на изминатата зима кога земји остануваа без доволно храна, кога имаа празни рафтови, тоа кај нас не се случи, затоа што низ директна комуникација и со претседателот на Србија и со премиерот на Албанија и со премиерот на Грција обезбедивме непречено транспортирање и трговија на сите основни прехранбени производи, е тоа е политика на добрососедски односи, на таков начин се оди во ЕУ. ЕУ се базира на добрососедски односи, таа не се базира на лошо соседски односи и затоа треба секогаш да ги негуваме добрите односи со нашите соседи. Ве уверувам дека струја ќе има доволно и посотојано за целиот период од кризата, нема да биде лесно, но уверен сум дека со напорна работа во тоа ќе успееме. Владата ја субенционира цената од почетокот на кризата на елкетрична енергија за 80% за над 600 илјади домаќинства во државата и за над 72 илјади компании кои што се мали потрошувачи, но тоа се малите и средните компании во државата кои што вработуваат 98% од работниците кои што работат тука кај нас. Покрај цената на струјата во домаќинствата и натаму е со повластена стапка од 5% наместо 18% како што беше претходно, тоа почитувани е одговрен, државнички пристап во време на светска, економска и енергетска криза, тоа е дијаметрално различен пристап од пристапот на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател, кој што гласи кочење и блокади.

Во ек на светска криза, ВМРО – ДПМНЕ во собранието сеуште кочи 50тина закони важни за државата, за граѓаните, за економијата, за енергетиката, 100 милиони евра финансиска поддршка за АД ЕСМ го кочи ВМРО – ДПМНЕ во собранеито, се кочат и други законски решенија кои што значат поддршка за граѓаните. За прв пат откако се прават исвештаи на ЕУ за државата, за прв пат опозицијата е полошо оценета од владата затоа што секаде научија дека оваа опозиција го блокира собранието во време на најголема економска и енергетска криза и затоа дојде потврда и во европскиот извештај кој што на сите беше перзентирани. И уште еднаш ќе повторам, не се точни лагите на ВМРО – ДПМНЕ дека ќе сме ги затворале ТЕЦ Неготино или РЕК Битола, тоа е дел од нивната политичка матрица на постојано ширење на невистини, тие се учени парите на буџетот да завршуваат во нивните џебови и во нивниот бел дворец. Тоа го гледавме и сега кога предводат најголем дел од општините, вклучувајќи ја и Битола. На почетокот почнаа да се сликаат пред црвени теписи и да држат конференции, имаше таква една тука и во Битола каде што во првите два месеци промовирале проекти кои што ги направиме и тогаш им кажав на една тв еемисија, ова што го правите сега, го правите затоа што тоа се проекти оставнеи од градоначалниците на СДСМ и треба да се продолжат, ама ако не се фатите со работа после два месеци ќе ве снема и нема да имате што да промовирате, и еве гледате дека немаат што да промовираат, единствено нешто што гледаме е циркузот што го направија во градот Скопје. Цел град изблокираа кој што моментално е комплетно нефункционален и каков бил одговор, Данела Арсовска, градоначалникот на Скопје била во коалиција со СДСМ. Па тоа ли им е одговорот? Па не ја чекав јас со трубачи во СДСМ и со плех музика, тие ја чекаа. Не одев јас да зборувам по митинзи дека ќе била најдобрата мајка на градот, Мицкоски зборуваше, не стоеше Миле Зечевиќ со неа да правиме митинзи, стоеше генсек на ВМРО – ДПМНЕ, не бевте вие на митингот, членови на ВМРО – ДПМНЕ беа, за каква коалиција зборуваме? И самите гледате овде во Битола дека нема ниту еден нов проект, се доврши нешто од претходната градоначалничка, од редовите на СДСМ и сега гледаме стагнација и безидејност. И така е во сите други оптшини, нема проекти, ама затоа има партизација на општините, нема непродуктивни трошоци, нефункционални ЈП, кои ги зголемуваат цените на услугите и удираат по џебот на граѓаните, а цел ден ги гелдаме на тв екраните како се расправаат дали партиските војнции кои што ги вработиле треба да останат на работа или не. Тоа е клучно кои што го гледаме во овој момент.

Тоа е најизразено во Скопје, каде имаме колапс на основните функции на главниот град за прв пат во историјата. Сите бевте сведоци кога градот Скопје се откажа од организиранањето и обезбедување то на топлинска енергија за градот Скопје отидете некаде во Светот и покете ми главен град во кој што Владата се грижи да има затоплување на домовите во главниот град. Тоа го има само кај нас затоа што ако не го земавме во Владата управувањето со топлинската енергија во Скопје сега Скопје ќе немаше парно.Исто беше и на 14ти јануари ова година кога дојдов на 17ти јануари прв ден на работа имав две седници на влада за да обезбедиме топлинска енергија за градот Скопје. И го направивме тогаш и го направивме и сега и ќе продолжиме да го правиме и во иднина. Она што го гледаме таму е само тендери, провизи ,раце во мед само тоа ги интересира ВМРО-ДПМНЕ и нивниот градоначалник на сите нивни градоначалници. Наместо да ги реализираат програмите и да работат за тоа што се избрани тие бегат од граѓаните и отчет му поднесуваат на партискиот шеф. Исто така правеше и Груевски менторот на сегашниот нивен претседател кој што одеше по општини, се јавуваше по телефон во директни преноси , на директори на општински јавни претпријатија и се мешаше во нивната работа и во нивните јавни набавки. Денес новиот претседател исто по неговите стапки. Самиот се прогласи за градоначалник и на Скопје и на сите други општини се меша во работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кажува како да одлучуват советниците, најавува набавка на автобуси, најавува набавка на отварање на фабрики за автобуси иако нема никаква надлежност и на крајот на денот во Скопје останавме без автобуски превоз од толку најави, е тоа му се случи на Скопје . И за тоа велам дека тоа е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ ни милиметар не е поместено од антинародната матрица која сака да контролира се во државата. Но тоа е нивна одлука и цената за таквите чекори ќе ја платат вечер на следните избори во 2024 година како што ја платија на изборите во Маврово-Ростуше ова година. Додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и нереформирана СДСМ силно и одлучно е посветено на патот кон иднината. Сторуваме дел од ЕУ како македонци со македонски идентитет кој зборуваат македонски јазик , македонски јазик признат и заштитен без фусноти или какви било додавки или појаснувања. На таков македонски јазик со чиста формулација ќе биде потпишан првиот документ со ЕУ договорот со ФРОНТЕКС и еве сега во Битола го кажувам прв пат , пред да тргнам за Битола од Скопје го потпишав полномошното со која што го властувам министерот за внатрешни работи Спасовски да го потпише договорот ФРОНТЕКС со Европскиот комесар од ЕУ и тоа ќе биде направено. По членството во НАТО ја реализираме и втората стратешка цел членство во ЕУ и сето тоа благодарение на храбри државнички одлуки на СДСМ тоа е СДСМ за тоа сме државоотворена партија втемелена во успехот на нашата држава. СДСМ секогаш била на вистинската страна, јас како претседател се обврзам пред вас СДСМ е и ќе биде на вистинската страна.

Почитувани другарки и другари следната политичка борба на ова наша генерација е битката за европска Македонија, која повторно ја предводиме ние од СДСМ од нас зависи каква ќе биде иднината на државата , дали ќе продолжи по овој вистински пат или ќе се врати во мрачното минато. Од нас зависи дали ќе продолжи концептот на поголеми плати и пензии и враќање на парите кај граѓаните. Ве повикувам како СД да се приклучите силно и одлучно, подавајте рака, обединувајте, здружувајте , допрете до секој член, симпатизер, до секој човек заедно да делуваме , да се поддржуваме бидејќи од тоа зависи иднината на нашата држава . Ние имаме и план , визија и одлучен сум и ве повикувам сите заедно да се обединиме околу овој концепт за иднината и СДСМ повторно да формира Влада во 2024 година. Јас сум подготвен да ја водам партијата, но ми треба вашата поддршка да бидеме со граѓаните и да работиме заедно со граѓаните. Нашата македонска иднина, нашата европска иднина, нашата иднина е модерно, економско развиено општество со еднакви шанси за сите, и за тоа продолжуваме силно и одлучно кон иднината . Да живее СДСМ , да живее Битола, да живее европска Македонија.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …