Ковачевски: Пендаровски е кандидат на граѓаните, со јасна визија за европска иднина

Ковачевски: Пендаровски е кандидат на граѓаните, со јасна визија за европска иднина

„Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните!“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24 април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина!“, рече Ковачевски

„А за точно еден месец од денеска, на 8 мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател! Сите заедно, сплотени и решителни ќе продолжиме цврсто да газиме на патот кон Европската Унија. Европска Македонија ќе биде реалност!“, беше дециден претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …