Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Денешниот состанок е прв од низата средби преку кој го водиме широкиот консултативниот предлог. Разговаравме со детали имајќи ја предвид нашата позиција и цел, членството во ЕУ“ рече Ковачевски.

Тој нагласи дека позицијата во која сме денес е далеку подобра и дека предлогот ги инкорпорира забелешките и ставовите.

„Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, рече премиерот.

Ковачевски истакна дека коалиционите партнери ветиле дека ќе се изборат да ги задржат клучните црвени линии кои со месеци биле повторувани.

„Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, во секој поглед, го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет“, порача Ковачевски.

Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство и може де се види на следниот линк: https://vlada.mk/node/29432

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој исто така одговараше на прашања на денешната прес конференција, истакна дека е исполнето барањето да ги нема историските прашања во преговарачката рамка и рече дека Првата меѓувладина конференција, на која што ќе се разговара за понатамошните чекори, ќе биде свикана кога ќе има согласност за преговарачката рамка.

„Ние и досега видовме дека Европската Комисија уште во 2009 ги воведе добрососедските односи како постојани критиериуми и сите договори што се наоѓаат услов за нивно исполнување. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа“, рече Маричиќ.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …