Ковачевски: Со судска пресуда е докажано - Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е криминален имот

Ковачевски: Со судска пресуда е докажано – Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е криминален имот

„Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

„Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано дека дворецот што вреди седум милиони евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес. Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд. Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор“, посочи Ковачевски.

Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.

„Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата. Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК. Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера“, порача Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …