Крушево: Формиран Совет за социјална заштита

Крушево: Формиран Совет за социјална заштита

Во Општина Крушево денеска се одржа конститутивна седница на Советот за социјална заштита, кој ќе има за цел остварување на дејноста социјална заштита.

Советот го сочинуваат 11 членови со мандат од 4 години, и тоа од различни институции: Општина Крушево, Здравствен дом, Полиција, Центар за социјални работи, од образовната сфера, верските заедници и невладини организации.

Работата на Советот се однесува на проблеми од социјалниот развој, одредување и спроведување мерки за заштита од социјални ризици, креирање локален социјален план, анализирање и констатирање на состојбите во областа на социјалната заштита и друго.

Прочитајте повеќе

Пациенти со месеци чекаат ПЕТскен, повторно доцни и онколошката терапија

Пациенти со месеци чекаат ПЕТскен, повторно доцни и онколошката терапија

Онколошки пациенти велат дека веќе со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање …