Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур загина во сообраќајна несреќа

Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур загина во сообраќајна несреќа

Великанот на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур загина синоќа во сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода. Георгиевски најверојатно поради лизгавиот коловоз изгубл контрола над возилото и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот, при што загинал на самото место.

Благоја Георгиевски е роден на 15 октомври 1950 во Скопје и речиси целата своја играчка кариера ја помина во Работнички, во југословенската Прва лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Буштур стигна до полуфиналето во Купот на победниците на куповите.

На Европско првенство во 1971 година во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација го освои сребрениот медал. Георгиевски беше учесник на Летните олимписки игри во Монтреал во 1976 година каде исто така се закити со сребрен медал.

Буштур по завршувањето на играчките денови остана во кошарката и работеше како тренер во неколку наши клубови, неколку сезони помина и во Кипар како тренер стана а потоа беше и селектор на македонската репрезентација. По водењето на репрезентацијата Буштур ја заврши својата тренерска кариера и стана член на Управниот одбор на МКФ и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на олимпискиот совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

Од 1997 година Благоја Георгиевски Буштур е член на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …