Лекот Трикафта ќе биде испорачан за најмногу 30 дена, ветува Владата

Лекот Трикафта ќе биде испорачан за најмногу 30 дена, ветува Владата

Завршени се административните процедури беа потребни за итна набавка на лекот Трикафта за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, информираше денеска Владата.

Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти, додаваат оттаму, се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек.

За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот Трикафта за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.

По бројни протести и обиди за преговори државата да им ја обезбеди потребната терапија, пациентите со цистична фиброза и нивните поддржувачи изјавија дека не се задоволни од што не се набавува терапија за сите пациенти. Критиките за односот на државата кон овие пациенти кулминираше прд неколку дена кога пред неколку дена почина пациент со оваа ретка болест во Македонија, чекајќи државата да обезбеди лек.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …