Лукаревска: Наместо во стиропор и Скопје 2014, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните, кон пензионерите

Лукаревска: Наместо во стиропор и Скопје 2014, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните, кон пензионерите

  • Новиот пакет антикризни мерки ќе биде насочен кон оние на кои им е најпотребен, тоа е разликата меѓу нас и опозицијата. Наместо за стиропор, жални врби и „Скопје 2014“, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека владата предводена од СДСМ ги исполни своите главни ветувања за раст на просечната и минималната плата, но и се погрижи за раст на пензиите и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

  • Во новиот буџет за наредната година имаме предвидено 1,36 милијарди евра за пензионерите. Од 2017 година, вклучително и 2024, издвоени се 8,5 милијарди евра за пензионерите. Просечната и минималната пензија се зголемени за 50 отсто. Просечната и миналната плата ги покачивме. Освен покачувањето на платите, Владата предводена од СДСМ успеа да ја исполни стратешката цел членство во НАТО, но и да гради Едно општество за сите во земјава. Останавме и на ветувањето дека ги враќаме парите назад кај граѓаните, додаде Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ додаде дека конзистентноста во остварување на проектите е резултат на успешно креирање на политики во текот на овие 7 години на власт, што е предуслов за да имаме едно напредно општество за сите.

Прочитајте повеќе

филипче мостови крива паланка

Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

Изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче …