- Со завршување на сите обврски на патот кон членство во ЕУ, земјава ќе покаже дека е спремна во сите области да биде дел од европското семејство со една рамка, што ќе значи европски стандарди и во владеењето на правото, рече членката на ЦО на СДСМ и заменик министерка за правда, Викторија Мадиќ во интервју за Слободен Печат.
- Скринигот покажа каде се нашите слабости, што не сме имплементирале од европското законодавство. Голем дел од работите се завршени, дел треба да ги довршиме. Со завршување на сите обврски на патот кон членството во ЕУ, земјата ќе покаже дека сме спремни со една рамка, не само во владеење на правото, туку и во сите други области дека е подготвена да биде дел од евопското семејство, рече Мадиќ.
Токму затоа и одиме со Европскиот фронт, бидејќи Северна Македонија нема друг пат освен патот кон Европската Унија, додаде таа.
- Секој судија носи одлука самостојно и независно. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители се институции што треба да се одважат, бидејќи во нивни раце е палката за избор и разрешување на судии и обвинители, потенцираше Мадиќ.
Заменик-министерката рече дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов Закон за судски совет.