Македонците претстојново лето ќе можат да влезат во Црна Гора без ПЦР тест

Македонците претстојново лето ќе можат да влезат во Црна Гора без ПЦР тест

Во пресрет на летната туристичка сезона, Владата на Црна Гора одлучи да ја вброи Македонија на листата на земји на чии жители ќе им биде дозволен влез без негативен ПЦР тест за ковид-19. Покрај Македонците, на оваа листа се наоѓаат и жителите од другите земји од Балканот (Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и Косово) и земјите од Источна Европа (Русија, Белорусија и Украина), јавуваат црногорските медиуми.

Покрај тоа што нема да им биде потребен негативен ПЦР тест, за одмор во Црна Гора македонските граѓани претстојново лето исто така нема да треба да приложат потврда за извршена имунизација, односно за примена вакцина против ковид-19.

Поради ковид-19 пандемијата и ограничувањата на патувања, Црна Гора минатогодишната туристичка сезона претрпе сериозни финансиски загуби поради огромното намалување на бројот на туристи, а туризмот е клучен извор на приходи во буџетот на оваа земја. Подгоричкиот весник „Вијести“ неодамна ги објави податоците на црногорското Министерство за финансии за висината на државниот долг на крајот од 2020 година. Државниот долг без депозити изнесувал 4,33 милијарди евра, што претставува 103,28 отсто од бруто домашниот производ на Црна Гора.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …