Македонија

Вести и новости од Македонија.

Почина маестро Александар Џамбазов, човекот што остави печат на многу децении во музиката

Александар Џамбазов

Почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Игор Џамбазов на својот Инстаграм-профил, каде напиша: Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години, од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на …

Прочитајте повеќе »

МВР поднесе кривична пријава против охридскиот градоначалник Пецаков

Пецаков

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за …

Прочитајте повеќе »

Студентите можат да ги користат непродолжените билети за јавен превоз до крајот на февруари

јавен превоз кинески автобуси

Студентите-корисници на годишен студентски билет ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз во Скопје и со непродолжен, односно незаверен билет за тековната година, до крајот на февруари, соопштија од ЈСП Скопје. Од таму додаваат дека при користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Ковачевски - Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери …

Прочитајте повеќе »

Индекс на корупција: Скок од 24 места на Северна Македонија на листата на Транспаренси интернешнл

Транспаренси интернешнл

Северна Македонија напредна до 87 место со 39 индексни поени на најновата листа на Транспаренси интернешнл. Во извештајот се наведува дека се преземени чекори за гонење на високо ниво за корупција. По неколку години пад, Северна Македонија забележува напредок во борбата против корупцијата. Таа скокна за 24 места погоре во однос на минатата година на најновата …

Прочитајте повеќе »

Изминатата недела секој трет тест за ковид бил позитивен

Вакцина ковид

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5 oтсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6 отсто до 34,4 отсто, односно просечно – 29,1 отсто, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17 до 23 …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Националните медиуми не покриваат две третини од граѓаните со дописници од нивните места на живеење

Медиуми камери

Бројот на дописници од внатрешноста на државата е сведен на минимум. Македонската радио телевизија едвај има вработено неколку новинари од внатрешноста, додека приватните телевизии, земаат информации од хонорарно ангажирани новинари, пишува „Вистиномер“. Текстот го пренесуваме во целост: Неосигурани, без договори за работа, со сопствено возило и опрема, секојдневно на работа се …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери. …

Прочитајте повеќе »