Македонија

Вести и новости од Македонија.

Средба на претседателот Пендаровски со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет

Средба на претседателот Пендаровски со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. На средбата беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија, за можноста за одржување на прва меѓувладина конференција, за процесот на проширување на Европската Унија, како и за актуелните предизвици …

Прочитајте повеќе »

Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка – аудио читач, која им обезбедува поголема независност во секојдневниот живот

Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка - аудио читач, која им обезбедува поголема независност во секојдневниот живот

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, започна процес на изработка на софтвер – апликација која на слепите и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текс да го слушнат и разберат во аудио …

Прочитајте повеќе »

Влада: Од утре забраната за движење почнува од 21 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

Влада: Од утре забраната за движење почнува од 21 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата …

Прочитајте повеќе »

Премиерот Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата

Премиерот Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата

„Инвестицијата на „Гересхајмер“ е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови …

Прочитајте повеќе »

Средби на претседателот Пендаровски со потпретседателот на ЕК, Борел и со претседателот на ЕП, Сасоли

Средби на претседателот Пендаровски со потпретседателот на ЕК, Борел и со претседателот на ЕП, Сасоли

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Брисел, денеска оствари средби со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли. На средбата со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за …

Прочитајте повеќе »

Крушево му оддаде почит на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев

Крушево му оддаде почит на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев

На денешен ден во 1905 година, загинал Никола Карев, првиот претседател на Крушевската република. По тој повод, делегации на Општина Крушево и ООУ „Никола Карев“, предводени од градоначалникот Томе Христоски и директорката на крушевското основно училиште, Оливера Чавкаровска, положија цвеќе на гробот на Никола Карев во споменикот „Македониум“.

Прочитајте повеќе »

Заев и Николовски примија инспектори од Државниот пазарен инспекторат: Со распоредување на вработени според програмата за правична застапеност решаваме децениски проблем

Заев и Николовски примија инспектори од Државниот пазарен инспекторат: Со распоредување на вработени според програмата за правична застапеност решаваме децениски проблем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, денеска ги примија инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Цветко Ристески, Џелал Максути и Александра Котели. На средбата, претставниците на ДПИ …

Прочитајте повеќе »

Градоначалникот на Делчево ја донираше априлската плата за хумани цели

Градоначалникот на Делчево ја донираше априлската плата за хумани цели

Побогата празнична трпеза за 40 христијански и муслимански семејства обезбеди градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој ја донираше априлската плата за хумани цели. Во пресрет на велигденските и рамазанските празници,  по 20 прехранбни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик беа дистрибуирани до градската црква „Света Богородица“ и до Џамискиот …

Прочитајте повеќе »