Македонија

Вести и новости од Македонија.

Вечерва Владата ја одржува редовната 53 седница

Вечерва Владата ја одржува редовната 53 седница

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи 53-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На оваа седница Владата ќе ја разгледа информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација што ќе ја презентира Министерот за финансии. …

Прочитајте повеќе »

Денеска нови 868 случаи на ковид-19

Денеска нови 868 случаи на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 424 -Прилеп 72 -Куманово 42 -Битола 34 -Охрид 31 -Тетово 28 -Кавадарци 27 -Неготино 26 -Велес 21 -Гевгелија 20 -Гостивар и Кочани по 15 -Штип 14 -Крива Паланка и Крушево по 11 …

Прочитајте повеќе »

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Мухамед Зеќири и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е дел од активностите кои произлегуваат од Стратегијата за транспарентност, а има за цел воспоставување партнерски …

Прочитајте повеќе »

Претседателката на Врховен, Адеми во интервју за Порталб: Ќе бидат казнети судиите кои подлегнале на криминалот и политиката

Претседателката на Врховен, Адеми во интервју за Порталб: Ќе бидат казнети судиите кои подлегнале на криминалот и политиката

Судијката Беса Адеми, денеска и официјално беше именувана за претседателка на Врховниот суд, откако даде заклетва пред членовите на Судскиот совет. Порталб.мк реализираше ексклузивно интервју со судијката Адеми, првата Албанка која ќе седне на фотелјата на највисокиот суд на Северна Македонија. Во првото интервју за медиумите, откако беше именувана за претседателка на Врховен, Адеми вели дека нејзин најголем предизвик ќе ѝ биде враќањето на довербата …

Прочитајте повеќе »

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот и судиите на Уставниот суд

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот и судиите на Уставниот суд

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот, судиите и генералниот секретар на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На средбата, претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати информираше за прашањата коишто се од значење за остварувањето на уставната позиција на Уставниот суд, за кадровската екипираност на судот со стручни соработници, за …

Прочитајте повеќе »

Сè додека не се исчистат сите четири депонии, линданот од ОХИС ќе му се заканува на Скопје

Сè додека не се исчистат сите четири депонии, линданот од ОХИС ќе му се заканува на Скопје

Над 13.000 тони опасен линдан лежат во малата депонија во ОХИС и четирипати повеќе (над 50.000 тони) во големата, а не се знае уште колку илјадници тони канцерогена хемикалија има во другите две депонии, едната во дворот на некогашната фабрика, а другата надвор од неа, кај локалитетот Пеленица близу Драчево. Опасниот инсектицид веќе пет децении е …

Прочитајте повеќе »

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бараше одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар на Република Северна Македонија одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 …

Прочитајте повеќе »

Денеска сончево и потопло, од недела врнежи од дожд

сончево време

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови западен, а во источните јужен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 4 до 14 степени Целзиусови. Утре во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб дожд. …

Прочитајте повеќе »