Мари Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ

Мари Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, денеска на отворениот ден од вежбата „Брз одговор 22“, одговарајќи на новинарски прашања, укажа дека најавениот стратешки дијалог со САД нема за цел да го замени членството на Северна Македонија во ЕУ.

„Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале“, рече Брнз.

Стратешкиот дијалог треба да почне во јуни во Вашингтон, при што во фокусот ќе бидат повеќе теми и прашања, како надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, енергетика, култура.

Дијалогот е своевидно продолжение на меѓусебното партнерство што македонските и американските власти го потпишаа пред 14 години.

Мари Брнз: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ

„Ова е дијалог што ќе се развива. Ова ќе претставува билатерална соработка, во која ќе се дефинираат областите за кои ќе се разговара.. Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока“, рече Брнз.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …