Марија Симоноска

Марија Симоноска: Градоначалничка пародија

Автор: Марија Симоноска, член на Совет на општина Прилеп од редовите на ВМРО – Народна партија

Се’ си е по мерка, на секое место.
Работата ич не ви е лесна, а сите ветувања 100% ги реализиравте.
Алал ви вера, нека ви е честито!
Одлични сте пред камера, перфектни за сликање.
Продолжете со овие манири и надевајте се дека граѓанинот што ве гласаше и со вакво спиење ќе ви се смири.
Вработувања да си правите, нека ви се аирлија, ама општинските службеници никако не ви се разбудија.
Во 2024 Прилеп барем ноќе нека свети, оти дење граѓаните очи не можат да отворат од прејакиот сјај на реализираните проекти што го ветивте.
За полагање цвеќе пред споменици, секаде кај што не треба прв сте на слика, па така на Прилеп и прилепчани смеа на лице им блика.
Нивните апели ги множите со „ниска интелегенција“, „рекла-казала“ и „малограѓанштина“, е па најинтелигентен градоначалник Јовчески спремете се за средба очи во очи со граѓаните на улична „фреквенција“.
По сокаци секој ден низ Прилеп врвиш и демек контрола вршиш ама и за ова фолираш, те запознавме добро дека на сите прашања со одговорите „матиш“ ајде во следната година олесни му на граѓаните најдобро е вратата да ја фатиш и на прилепчани маката да им ја скратиш.
Традиционалниот 20-годишен „Пиво фест“ го замревте, за две години Прилеп го запревте.
Доста ви е!
Продолжете со друго пред да се каете.
Прилепчани ве повикуваат – бидете си лекар, тоа најдобро го знаете.

Прочитајте повеќе

Со грда кампања не бива горда Македонија

Со грда кампања не бива горда Македонија

Познатата предизборна шема како и сиве 30 и кусур години тече како матен Вардар. Какви …