Математичарите освоија два сребрени и два бронзени медали во Осло

Математичарите освоија два сребрени и два бронзени медали во Осло

Сојузот на математичари на Македонија, синоќа соопшти дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација освоила два сребрени медали, два бронзени, како и две пофалници.

„Нашите ученици постигнаа одличен резултат. На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки, нашите ученици Никола Спировски и Дамјан Давков освоија по 29 поени, односно сребрени медали, Блаже Суклевски освои 27 поени и бронзен медал, а со бронза се закити и Јан Стојановски со освоени 24 медали.
Алексиј Тасиќ освои 21 поен и доби пофалница, а пофалница има и за ученичката Јасна Илиева со освоени 18 бодови“, информираа од Сојузот на математичари.

Интернационалната математичка олимпијада е натпревар за средношколци, но нема возрасно ограничување во однос на долната граница, па може да се натпреваруваат и ученици помлади од 15 години. Секоја земја учесничка може да испрати најмногу шестмина натпреварувачи. За прв пат, Интернационална математичка олимпијада се одржала во 1959 година во Романија.

Минатата недела четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz

„Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновото музичко остварување …