Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски категорично одби да го прифати францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Тој предлогот го нарече „ултиматум за иднината на нашата Македонија“ и додаде дека констатирал дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.
Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат отворање преговори базирани на францускиот документ.
„Јас ултиматуми по цена на достоинството на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам со тоа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и ја повика јавноста на како што рече, сенароден протест, што ќе се одржи утре пред платото на владата на Република Македонија во 19 часот.
Извор: МЕТА