Мицкоски од претседателот Пендаровски барал можност да се достават дополнителни докази за осудените од 27 април

Мицкоски од претседателот Пендаровски барал можност да се достават дополнителни докази за осудените од 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот Стево Пендаровски, изјави дека не барал амнестија за осудените од 27 април 2017 година кои упаднаа во Собранието и физички ги нападнаа новоизбраните пратеници. Како што рече Мицкоски, на средбата остварена по негово барање, тој побарал осудените за нападот да можат да достават дополнителни докази до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права.

Иако е нејасно зошто лидерот на најголемата опозициска партија упатува вакво барање до претседателот на државата, Мицкоски по средбата посочи дека наишол на разбирање кај Пендаровски.

„Така што она кое што го барам јас и кое што го кажав на средбата не е милост, не е амнестија, туку правда, а правда преку дополнителни докази кои што бранителите на овие лица ќе можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права, откако ќе ја добијат второстепената пресуда“, истакнува Мицкоски.

Пендаровски, пак, по средбата посочи дека ако има нови докази можно е да се обнови процесот „но без никаква намера да се врши притисок на судството“ од неговиот кабинет.

„Мојот став е дека ако има нови докази кои порано биле непознати и кои може да го преобраат процесот, не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку нивните адвокати по правен лек може да побараат од Врховниот суд да ги оценат новите докази, ако тие постојат. Одлуката да се повтори процесот, ја носи судот, а не некој политичкит фактор“, вели претседателот Пендаровски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …