Министерството за информатичко општество со Предлог-закон за забрана за вработување преку Агенции за привремени вработувања

Министерството за информатичко општество со Предлог-закон за забрана за вработување преку Агенции за привремени вработувања

На синоќешната владина седница, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, беа разгледани и утврдени предлози на закони коишто се важни за реформата во јавната администрација и дигиталната трансформација на државата.

Законите, според предлагачот, ќе придонесат да се забрза процесот на подобрување на демократските процеси во државата, доближување на јавната администрација до граѓаните и синхронизација на дигиталните процеси со европските текови.

Конкретно станува збор за Предлог на закон за административни службеници, подготвен согласно препораките од Европската комисија и од СИГМА, што треба да придонесе кон професионална, мотивирана и деполитизирана администрација.

Со Предлогот на закон за вработените во јавниот сектор, се уредува организационата единица за управување со човечки ресурси и мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор. Меѓу решенијата, се предлага забрана за вработување преку Агенции за привремени вработувања и вработување на определено време на раководни работни места, а во постапките за вработување секогаш да се избира најдобро рангираниот кандидат.

Прочитајте повеќе

Битиќи

Битиќи: Владата трупа партиски вработувања, ПИОМ станува неодржлив

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за …