Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските, а планирам и парламентарните избори

Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските, а планирам и парламентарните избори

Во синоќешното интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, претседателот на Собранието, Јован Митрески изјави дека после направената консултација со ДИК, донел заклучок дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари а според планот, истиот ден ќе бидат распишани и парламентарните избори.

360°: Вие претседавате со Собранието во последните 100 дена пред парламентарните избори, а две недели пред нив треба да се одржи прв круг од претседателските. Што ви е планот – кога ќе ги распишете изборите и едните и другите и до кога ќе работи Собранието?

Митрески: Значи, тука станува збор за почитување на Уставот и уставните рокови предвидени за одржување на избори, зашто станува збор за редовни парламентарни избори кои се случуваат првпат по 16 години. Постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентаерни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандант. Впрочем, ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи Собранието би функционирало некаде до крајот на месец март или првите денови на месец април.

360°: Зборувате за 20 дена кампања за претседателските избори?

Митрески: Па, 20 дена пред 24 април, тоа би било почетокот на април неколку дена, но продолжуваме бидејќи се спојува со парламентарните избори и во тој период Собранието нема потреба или е некое демократско правило да не работи за да не биде злоупотребена говорницата во смисла на кампања за претседателските или парламентарните избори. Во однос на вашето прво прашање за распишувањето, во Уставот вели од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, што значи 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, фактички тоа му доаѓа некаде средина на февруари. Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори.

360°: Истиот ден ќе ги распишете?

Митрески: Да, тоа ми е планот. Распишувањето на претседателските ќе биде сигурно на 14 февруари, а планот ми е тоа да биде и за парламентарните избори, тој ден.

Прочитајте повеќе

Филипче Митинг со младите

Д-р Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни …