„МЛЕКО 2022“- Настан посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи од семејни фарми

„МЛЕКО 2022“- Настан посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи од семејни фарми

Под мотото „Како да се ‘бие’ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“, во сабота, 3 септември во Прилеп ќе се одржи еднодневниот настан „МЛЕКО 2022“. 

Настанот е посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства, чии претходни изданија се однесуваа на заборавените автохтони млечни производи (Скопје 2014), пасиштата и регулативите (Битола 2016), расите на млекодајни животни и козарството (Скопје 2018).

Овогодинешното четврто издание има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

На манифестацијата ќе присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите. Програмата на „МЛЕКО 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Настанот се реализира со поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …