МОН ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје

МОН ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје

Министерството за образование ги објави листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје за студиската 2021/2021 година. Тие можат да се погледнат на следниот линк.

Следен чекор за оние што добиле место во студентски дом е да потпишат договор со студентскиот дом, по што ќе можат да се вселат. Одовој договор треба да се потпише најдоцна 10 дена од денот на објавата на резултатите (01.10.2021 г.).

„Приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година“, соопштија од МОН додавајќи дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4.10.2021 година.

Аплицирањето за сместување во студентски домови годинава за прв пат се спроведе електронски, со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk , а за оние кои немаа можност електронски да аплицираат, како опција на располагање беше и доставувањето на документацијата директно во студентскиот дом.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …