Инфузија ковид-19

На Инфективна хоспитализирани 15 ковид пациенти, дневно се прегледуваат по 30 лица

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 15 хоспитализирани пациенти со ковид-19, а на дневно ниво во оваа здравствена установа се прават по триесетина ковид прегледи, информира за „Мета“ директорката д-р Милена Стевановиќ. Според неа, со растот на ковид-бројките, се очекува да расте и бројот на прегледи и хоспитализации.

„Наплив на пациенти немаме, но како што тргнало, реално е да се очекува да има. Апелирам луѓето да се вакцинираат бидејќи само тоа може да нè спаси. Секој кој чувствува тегоби треба да појде на преглед кај матичен доктор. Сега Инфективната клиника не лечи само ковид пациенти, туку имаме и пациенти со други инфектолошки проблеми. Затоа мора сите да се ставиме во ред“, вели д-р Стевановиќ.

Д-р Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септемри“, вели дека во болницата во просек доаѓаат по 10 пациенти дневно кои главно имаат висока температура.

„Им правиме брзи тестови на пациентите кои се обраќаат за помош кај нас. Во јуни немавме ниту еден ковид пациент, но еве сега имаме по десетина на ден. Ковид центарот ни е затворен, но ако има потреба ќе го активираме повторно. Кислород имаме, како и и останатото што ни е потребно за третман на ковид пациенти. Во овој момент ако е пациентот за во болница, го препраќаме на клиника“, вели д-р Костов.

Ковид-статистиката бележи раст во последниве денови. Вчера беа евидентирани 511 нови случаи од 1.489 направени тестови, односно 34,4 отсто од направените тестови се позитивни.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …