Над 80 градови и села поплавени по уништувањето на браната во Украина

Над 80 градови и села поплавени по уништувањето на браната во Украина

Откако Зеленски вчера ги обвини Русите за уништувањето на хидроцентралата која е на браната, а се наоѓа на територија под нивна контрола, од Москва стигна одговор дека браната е уништена од украинско гранатирање

По уништувањето на браната Каховка во регионот Херсон, вчера, поплавени се веројатно 80 градови и села, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за уништувањето на браната ги обвини Русите. Водата истекува во реката Днипро и може да предизвика катастрофална поплава во градот Херсон.

Откако Зеленски вчера ги обвини Русите за уништувањето на хидроцентралата која е на браната, а се наоѓа на територија под нивна контрола, од Москва стигна одговор дека браната е уништена од украинско гранатирање.

Во текот на ноќта во регионот Херсон, персоналот на Државната служба за вонредни ситуации на Украина спасиле 52 луѓе, од кои две деца, извести украинската државна новинска агенција Укринформ.

Серхиј Крук, првиот човек на Службата за вонредни ситуации соопшти дека 800 припадници на службата и 170 парчиња различна опрема се вклучени во спасувачките операции.

Во своето редовно обраќање вчеравечер, Зеленски порача дека секој руски терористички чин – мислејќи на уништувањето на браната – ги зголемува само репарациите што Русија ќе ги плаќа за своите злосторства, а не шансите на окупаторите да останат на украинска територија.

„Катастрофата на хидроелектраната Каховка предизвикана од руските терористи нема да ги сопре Украина и Украинците. Ќе ја ослободиме целата наша земја“, рече тој.

Вчеравечер Кабинетот министри на Украина распредели 1,5 милијарди украински хривни (38,14 милиони евра) за изградба на два нови главни водоводи и дополнителни средства за снабдување на населението со вода за пиење.

Вештачкото езеро Каховка е клучно за регионот, бидејќи обезбедува вода за населението и за земјоделството, но и за атомската централа Запорижја.

Од поплавата уништени се мостови и поплавени се голем број населени места и во регионот Миколаив.

Во поглед на воените дејствија во Бахмут, според генерал полковник Олександар Сирскји, командант на пешадиските сили, порача дека Русите полека губат територија во оваа област.

Украинското воено воздухопловство во текот на изминатите 24 часа извршило 17 воздушни напади врз руски војници и уште четири воени напади на руските системи за противвоздушна одбрана. Уништени се и руски авион-ловец Су-25 и уште четири дронови-извидници, пренесува украинската државна новинска агенција Укринформ.

Руските сили пак извршиле 35 напади со ракети воздух-земја, но според украинската страна сите тие крстосувачки ракети биле уништени од стран ана украинското воено воздухопловство и од другите сили. Во други 41 воздушни напади и 57 напади од повеќецевни ракетни лансери, загинати се цивили и уништени се станбени згради, куќи и друга цивилна инфраструктура.

Руските напори и понатаму се насочени кон целосно завземање на регионите Луханск и Донецк. Таму во последните 24 часа имало 30 вооружени судири.

Прочитајте повеќе

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Архивата е преполна со предмети, а реновираните простории имаат поглед кон цело Скопје, како симболично …